Лила проговори за мажачката: Биди оригинален и запроси ја на „зип лајн“ (ФОТО)

0

Синот на нашата најпопуларна ТВ водителка, Лила Филипвска, можеби не е толку активен на социјалните мрежи како мајка си, но затоа кога тоа го прави, направено е.

Па оттука, јасно е дека крвта не е вода, а како и Лила така и Филип е одличен во привлекување внимание кај следбениците и пријателите на своите профили.

Наследникот на Лила сѐ почесто можеме да го видиме на јавни случувања во нејзино друштво, што дополнително ги прави атрактивни кога се еден до друг меѓу јавноста.

Филип е дефинитивно најважниот човек во животот на Лила, а таа секогаш со гордост и љубов во очите зборува за него. И дефинитивно има зошто да се гордее.

Филип е младо, воспитано момче, со добри манири, за кои со сигурност е заслужна неговата мајка.

Лила кусо прокоментира на една слика: „Кога син ти ќе ти стави опис на сликата…“

Лила Филиповска двапати вплови во брачните води, еднаш со таткото на нејзиниот син Филип, Златко Филиповски, а потоа и со Орце Димитровски, гитаристот од групата „Арија“.

Изгледа дека Лила повеќе не верува во брак, а доказ за тоа е една фотографија што ја прикачи на социјалната мрежа Инстаграм.

„Ако видите кај мене некој прекрасен статус што го слави бракот и слично, да знаете дека ми го хакирале профилот“ е цитатот во кој се пронајде убавата водителка и симпатично се пошегува со своите следачи.

Лила и Филип се како другари, што покажува и едно нејзино стори, каде што таа го бакнува синот а и тој неа, и заедно се на забава, и си ја пеат познатата песна „За Љиљану“ од Тома Здравковиќ.

Малку се знае за Златко, таткото на Филип, речиси воопшто, но се знае дека Лила го пораснала во супер момче кое многу ја почитува својата мајка.

Лила во едно интервју за Хибрид.мк проговори за нејзините почетоци:

-На почетокот на кариерата, првите 10-тина години беше интересно и турбулентно, имаше ентузијазам и луѓе кои ја работеа оваа работа, ја сакаа и ми беа конкуренција.

Во тоа време имаше награди за нашата професија, се гласаше и тоа претставуваше на некој начин мотивација за понатаму“, кажа оваа наша позната инфлуенсерка и водителка во интервју за Хибрид.

За оние што не знааат, Лила е родена во Гетеборг – Шведска и таму живеела сѐ до својата 12-та година, а и денес знае да отиде таму, односно кај сестра си.

Лила беше на одмор на Маурициус и оттаму секојдневно објавуваше кои места ги посетува и на сите следачи им препорача да го посетатат ова место, кое според Лила е рајот на земјата.

Лила, често знае да им кажува и дополнителни и многу интересни информации на своите фанови за местата кои ги посетува.

Таа објави слика од Маурициус како е до колена влезена до океанот и напиша: Поздрав од рајот на индиски океан … Маурициус оваа недела сме твои гости“.

Таа на оваа објава доби доста коментари, а еден од нов вели: Како старо вино убава, и во право е, Лила е навистина како старо вино- што позрела тоа поубава.

Сепак, Лила со една објава ги изненади своите следачи кога проговори за нејзината мажачка. Таа објави фотографија, како е седната на песокот покрај океанот, а во описот напишала:

„Маурициус, ќе се вратам за медениот месец“, што значи дека Лила не губи надеж и повторно би застанала на „лудиот“ камен.

После тоа, Лила ја овозможи опцијата на Инста за нејзините следачи да ја прашуваат што сакаат во врска со Маурициус, а едно од прашањата беше:

„Дали е право место за запросување на девојката,“ на што Лила одговори и му даде идеја на момчето, „Да, биди оригинален и запроси ја на „зип лајн.“

Претходна статијаГавазова на романтично патување со Јасмин, еве во кој европски град уживаат
Следна статијаAлександар Јосифовски поцрвене среде емисијата во Sвезде Гранда, Белма му даде комплимент што не го очекуваше (ФОТО)