Лила проговори како почнало сѐ и што мисли дека е причината за она што ѝ се случи

0

-Како што банкарите работат во банка, касиерката во супермаркет, така и јас ја работам мојата работа професионално“, смета Лила Филиповска, нашата позната водителка која ова го кажа во интервју за Хибрид.мк

-Како што тие мораат да ја завршат работата и да пријават промет на крајот од денот, така правам и јас со мојата работа. Одговорам за сработеното пред очите на јавноста.

Тоа значи дека помеѓу моето водителство и телевизиската работа и која било друга професија, апсолутно не постои разлика, ако пристапот е професионален.

Мојот најголем комплимент сите овие години не е врзан за изгледот, дали сум добра водителка, дали сум пријатна со публиката, туку впечатокот на останатиот свет дека сум професионална и дека сум човек од збор, стигнувам на време, мразам доцнење, го почитувам туѓото, но и своето време.

Сите луѓе треба да ја работат својата работа одговорно и морално, за да ја задржат професионалноста. Ова што го работам мене ми е многу природно.

Јас воопшто немам ритуал или начин на кој јас сега ќе бидам професионална и успешна. Едноставно така функционирам и тоа е мојот начин на работа.

Тоа е во мојата природа и карактер што е навистина голема предност. Не сум човек кој има работа што го фрустрира. Мене работата ми е задоволство“, изјавила Лила.

На некој начин е предизвик со себе. Да бидам искрена, години наназад се натпреварувам со себе. Но, не беше отсекогаш така.

На почетокот на кариерата, првите 10-тина години беше интересно и турбулентно, имаше ентузијазам и луѓе кои ја работеа оваа работа, ја сакаа и ми беа конкуренција.

Во тоа време имаше награди за нашата професија, се гласаше и тоа претставуваше на некој начин мотивација за понатаму. Од една страна да, комплимент е, но од друга страна станува малку здодевно.

Велат дека е лесно да стигнеш до врвот, но тешко е да се одржиш таму. Тоа е правило кое јас го почитувам, спомнувам и се придржувам до него постојано“, рекла Лила за истиот медиум и порачала:

– Често знам да ги гледам квизовите од серијалот на “Deal or no Deal”, бидеќи и “Се или ништо” е дел од нив, односно е правен по нивна лиценца.

Квизот го има во многу земји, ги гледам сите бидејќи на многу места е различен концептот, со оглед на тоа дека секоја земја го адаптира на сопствениот менталитет.

Учам од сите нив бидејќи сум застапник на ставот дека секогаш можеш да научиш нешто друго и многу повеќе. Заради тоа, јас се уште работам со љубов и ќе продолжам да го правам тоа се додека имам предизвик.

Имав среќа мене да ми биде доделен овој проект од мојата телевизија, Сител. Веројатно во првиот момент кога нема да го чувствувам тоа, не е исклучена можноста да застанам зад камерите, во друга улога.

Лила говорела на промоцијата на книгата „Ти си таа“, автобиографско дело на Србинката, Ана Дорник. ММС објави дека таа го споделила своето искуство за борбара со кан-цер.

„Чувствата се тие кои се причина за многуте болести. Јас знам од каде сето тоа потекнува и јас бев лута сама на себе затоа што мислев дека сè можам да контролирам.

Освен што прележав ко-вид јас во мојот живот немав никаква друга болест, ниту при-тисок, ниту холестерол ама никаков проблем ни хроничен ни акутен.

Јас живеам здраво и бев лута дури и кога се заразив со ков-ид, си велев како можев да дозволам ковид да прележам“, раскажа Лила.

Лила рекла дека по загубата на татка си се соочила со огромна тага, но љубовта кон нејзиниот син и кон нејзината мајка придонела да продолжи напред. Сепак, cтpecoт си го направил своето.

-Јас потсвесно знаев дека тоа мора некаде да „удри“. Тоа и се случи – посочи Лила. Нема компромис, избираш да се бориш“, рекла Лила во говорот кој го пренесе ММС.

Претходна статијаУбави вести за малиот Јане Велковски- ги објави мајка му која е многу горда на него
Следна статијаБлагоја Чоревски откри каде ќе биде последното испраќање на Димче Мешковски и рече зошто е многу разочаран и што најмногу го боли (ВИДЕО)