Благоја Чоревски откри каде ќе биде последното испраќање на Димче Мешковски и рече зошто е многу разочаран и што најмногу го боли (ВИДЕО)

0

Актерот Благоја Чоревски гостувал на ТВ Канал 5, и таму зборувал најмногу за својот пријател Димче Мешковски, кој неодамна се упкои, а Чоревски бил ептен искрен и си ја отворил душата:

Водителката Милена Антовска Сранковска го објавила ова виде на нејзиниот Фејсбук профил, и притоа напишала:

– Чест и задоволство ми беше што разговарав со еден од доајените на македонското актерство Благоја Чоревски- Чоре со кој што пак, овој пат зборувавме за легендата Димче Мешковски кој за жал на 21- ви март го напушти овој свет.

Тие биле не само колеги туку и се сакале и држеле заедно како едно семејство, вели Чоре. За Мешко вели дека бил “памук” човек, тивок и добар, но да бегаш ако му погрешиш.

Да ги почитуваме и сакаме нашите уметници и кога се живи, а не само ги споменеме еднаш кога ќе поч-инат“, напишала Милена, а Чоревски во ова интервју рече:

– Ние кога дојдовме во Драмски, значи кога зборувам ние: јас, Мето, Марин, таа генерација.., претходно беа Мите Грозданов и Снежана Стамеска, кога дојдвме, веќе Мешко беше етаблиран актер во Драмски.

И нас ни беше многу лесно со такви актери да се вклопиме во целата работа на Драмскиот, и се што правевме, го правевме на многу високо ниво, актерско.

Така да, јас ги имам најубавите спомени. Ние бевме фамилија, посебно па со Хихирику. Ние бевме фамилија, за жал, многу од таа генерација се упокоени, но ние бевме во етерот скоро 40 години како Хихирику“, рече Чоревски.

Потоа искоментирал дека она што е сега популарно, стенд ап, тие го правеле со колегите години наназад, и во салите, ама и во кафана.

Чоревски инаку рекол и дека стенд ап не е само да седнеш и да си кажуваш, туку е и спој со публиката. „Нема добри стендаповци во Македонија.

Сашо Тасевски можда. Србија имаат, имаат некоја традиција поголема, Америка да не зборувам“. Потоа, Чоревски пак зборувале за Мешковски:

-Тие беа веќе етаблирани актери, имаа серии телевизиски, и ние дојдовме 1971, четири години по нив. За тие четири години смнимаа вече, Дади, Коле, Мешко…

Посебно детски, да не зборувам за детски претстави. Посебно „Баш челик“, кога го гледавме ние учевме. Он го играше Баш челик.

Ние баш учевме, што правеа, како се однесуваа на сцена со постарите колеги. Одма бевме другари. Во тоа време сите беа едно. Драмски театар беше едно срце кое чука како едно“.

Потоа, Чоревски се потсети на филмот „Викенд на мр-твоци“ во кој глумеше со Димче Мешковски и раскажа случка за снимањето на овои ептен популарен филм.

-Еее, колку е тука додавано. Гоце, Мешко и јас. Ние бевме молерите. Пет минути е оваа сцена пишувана по автор, а ние ја игравме 40 минути“, рече Чоревски, а потоа водителката Милена рече го гледала филмот пак и се смеела повторно.

Чоревски рече дека правеле паузи додека го снимале филмот за да се изнасмеат. „Коле ќе не пц-уе, ќе рече доста. Добро, тогаш беше друго, сега е дигитално, можат да го враќаат кога сакаат.

И овие сцени беа на ком-меморацијата. Замислете колку тажно се чувствувавме ние, после нив што останавме, кои што сме се уште живи, кога ги гледаш овие сцени..“

-Со Мешко и со нас генерации израснаа. Сега тие се сигурно 40 годишници и 50 годишници. Коле имаше многу убаво обраќање, јас за жал откако по-чина мајка ми многу тешко ги поднесувам овие работи. Дац исто имаше убаво.

Се присетивме на многу убави, на многу тешки работи, но тоа е, животот е тој“, рече Чоревски, а потоа водителката Милена го праша дали негвоото последно испраќање ќе биде во Лос Анџелес или тука.

– Таму ќе биде“, рече Чоревски, а потоа додаде: Ако имаме ние држава, тоа се прави на државно ниво. За такви личности.. Ние имавме само телеграми, никој немаше од државниот врв.

И тоа е еден од знаците дека ништо не им значиме откако ќе не нема физички. Им значиме се додека треба да стигнат на таа позиција, да бидеме присутни, да се сликаат со нас.

Иначе друго не. Дури и да не кажам колку погрешни работи имаше во телеграмите напишани. Така да, мене тоа ми е јасно. Така што, ако ме прашате сега, јас не би сакал никој да дојде кога ќе поч-инам.

Воопшто никого не сакам од нив. Ќе бидам со колегите, ќе спомнуваат, а иначе не. Оваа држава нема однос кон вредностите, кон индивидуалните вредности на човекот.

Мислат дека само оние се главни, а нивниот мандат трае четири години, а не остават ништо после тој мандат“, рече Чоревски на Канал 5 ТВ, а целтоо интервју можете да го гледате ТУКА.

Претходна статијаЛила проговори како почнало сѐ и што мисли дека е причината за она што ѝ се случи
Следна статијаБлага Петреска раскажа лична семејна приказна, а ова го откри за својата ќерка која е помалку присутна во јавноста