Легендарниот режисер Коле Ангеловски, братот на упокоениот Дади слави роденден- еве колку години наполни, изгледа доста помлад (ФОТО)

0

Кон крајот на 2021 година во Драмскиот театар во Скопје режисерот Коле Ангеловски ја постави претставата „Птица со главата меѓу нозе“, објави Слободен печат

За многу негови претстави сам го преведуваше драмскиот текст, а за оваа претстава сам го напиша“, пишува во овој медиум за кој познатиот режисер и актер даде интервју.

Иако важи за еден од македонските актери со најмногу филмски и телевизиски улоги, за режисер со најголем број претстави, сепак ентузијазмот не го напушта, туку и понатаму има желба за работа на театарската сцена.

Целиот работен век го помина во Драмски, во пензија замина од Драмски, но срцето сѐ уште го влече кон Драмскиот театар.

– Драмски ми е животот! Со последнава претстава во Драмски театар прославив шеесет години од мојата уметничка кариера, или поточно шеесет години откако се занимавам со овие професии.

Почнав со филм, почнав како актер и успеав да снимам околу шеесет филмови. Во Драмски се вработив во 1967 година и дочекав пензија во Драмски.

Наизменично работев и театар и филм, зависно како се менуваа политичките директори во театарот. Со последнава претстава дочекав еден неверојатен јубилеј.

Шеесет години да си константно присутен во разни области од културата за мене е несфатливо. Но, желбата, волјата, а и професионалноста што ја носам во себе ми даде импулс да можам да живеам со театарот и со филмот.

Во текот на работниот век во Драмски театар поставив 40-ина претстави и тоа ме исполнува и ми дава елан…

Глумата беше само еден период од мојот живот. Чиста среќа беше што уште во прва година на студии во Белград добив главна улога во филм, кој беше со наслов „Саша“ и направи „ло м“ низ Југославија.

Во тоа време го гледаа осум милиони гледачи. Тогаш ми тргна филмската кариера, така што од 1961 до седумдесеттите години снимив околу 40 филмови.

Тогаш тоа беше несфатливо, бидејќи снимав по 3-4 филмови годишно“, рекол Ангеловски, а потоа го искоментирал филмот кој и денес го сакаат многумина.

– Има интересен податок дека „Викенд на мр-товци“ е најгледаниот македонски филм.

Кога се прикажуваше во Скопје, а тогаш немаше билборди, телевизии и весници што ќе те рекламираат, немаше Фејсбук и слични мрежи, туку имаше кино и публика која сака или не сака да го гледа филмот.

Во тоа време фолмот имаше над 100 илјади гледачи и беше погледан од некои филмови со Лепа Брена, но и од првиот дел на „Кум“ со Марлон Брандо, кој беше светски хит.

Откако се појави интернетот и разноразните телевизии, луѓето едноставно престанаа да одат во кино“, кажал Ангеловски, но зборувал и за својот спортски дух.

– Отсекогаш сум бил спортист во душата. Можеби не сум бил професионален спортист, но нема планина во Македонија каде не сум се качил, скијам, пливам.

Иако, ќе кажам дека Маврово до пред извесно време беше рај на земјата, што значи четири сезони, недопрена природа, буквално да уживаш со сите сетила во секое време“.

Брат на Коле беше Владимир Ангеловски, или уште познат како Дади кој се упкои на 15 ноември 2012 во Скопје, а беше еден од најголемите македонски глумечки имиња.

На Фејсбук има група која се вика „Ретро ризница“, и е посветена на ретро серии, цртани филмови, музика и спорт емитувани пред се` на Македонската Радио Телевизија (тогашна Телевизија Скопје).

Овие серии се претежно од 80ти и 90ти години од минатиот век но и на приватните телевизии со осамостојувањето на Република Македонија, стои меѓудругото во описот на оваа група.

Токму тука е објавена слика од режисерот Коле Англевоски, брат на Дади Ангеловски до сликите пишува: Роденден, Коле Ангеловски (80).

Всушност, тоа е колаж од повеќе фотографии кои се стари и нови и на нив има од времето кога Ангеловски бил помлад, па се до денес

Според изгледот, на оваа наша легенда, никој не би му ги дал годините, Коле Ангеловски изгледа доста помлад. Нека е среќен роденденот!

Претходна статијаЌерка ми зборува македонски, ама не знае да чита- Маријана од Австралија се отвори за ќерка си Магдалена
Следна статијаЕлена Велевска ужива во Италија, покрај море- нашата пејачка живот си живее (ФОТО)