Им цвета семејниот бизнис на Мицевски од групата „Молика“, се занимаваат и со оваа работа освен со пеење

0

Анета и групата „Молика“ имаат испеано многу песни, а неодамна беа во Виена каде што имаа многу успешен настап и таму нашинците многу убаво ги пречекале.

Нашата позната пејачка има остварено соработка со хармоникашот Димитар Митровски, со кого во студиото на ИН продукција претставија заеднички кавер. Станува збор за песната “Кад уморно срце стане” од Верица Шерифовиќ.

За битолската група „Молика“ и познатата пејачка Анета, турнеите преку океанот како и настапите на домашен терен се во константна динамика години наназад.

Анета во изјава за порталот „Убавина и здравје“ вели дека во музичката фела оние што вредно, квалитетно и посветено работат, имаат задоволителен фитбек со кој тие може да се пофалат.

Сепак, Мицевска вели дека до успехот не се доаѓа така лесно, а тоа го почувствувале и на сопствен грб.

„Патот кон успехот е трнлив, тоа го знаеме и го имаме почувствувано на сопствена кожа, но со труд, љубов, посветеност и работа сите препреки можат да се срушат, во тоа сме сигурни. Најбарани сме, а тоа е така затоа што сме неуморни.

Понекогаш доаѓаат и моменти кога сум уморна или болна и не можам да пеам, но во ниту еден момент го немам откриено тоа. Се појавувам на бина и професионално и до крај си ја извршувам работата.

Тоа е товарот на нашата професија, но јас не се жалам“, вели Анета за „Убавина и здравје“ и додава дека за пензионирање се уште е рано, бидејќи допрва следуваат нејзините пет минути.

Анета и групата Молика се едни од најбараните и најплатени фолкери кај нас.

Апсолутно секој викенд им е букиран, а беа и чести гости и во дијаспората каде полнат сали и распородаваат концерти како од шега.

Во август во 2020 година, Џими Мицевски од група „Молика“, доби снаа, односно неговиот син од првиот брак, Марио Мицевски реши да „рипне во тавче“.

Имено, Марио на социјалните мрежи се пофали дека ја побарал раката на неговата партнерка Тина Филиповска. Овој романтичен потег се случи во манастирскиот комплекс Свети Наум во Охрид.

На Фејсбук профилите и на Анета и на Џими минатаат година беше споделено видео од нов објект за веселби кој се вика „Молика“.

Според презимињата Мицевски кои се означени на ова видео, станува збор за семеен бизинс на Мицевски, како што се презиваат Анета и Џими.

По кри зата која доста ја осетија угостителите, сега свадбите, крштевските, матурските, родендените повторно на големо се слават, а угостителите (заслужено по паузата) тријат раце.

Во вистинско време, семејството Мицевски го отворија овој објект кој се наоѓа во Битола, и на кога се отвараше, тие порачаа:

Прекрасната комбинација од вкусна храна и пријатен амбиент нека бидат вашиот избор,а ние ќе се погрижиме вашите најдрагоцени моменти да ги направиме незаборавни.

Резервирајте ги вашите свадби,крштевки,родендени,матурски прослави и други фамилијарни забави“.

Всушност, поваа обајава меѓу првите ја има споделено Марио, синот на Џими од Молика од првиот брак, па изгледа дека Марио е младиот газда , а тој и неговото семејство даваат се од себе да го разработат овој бизнис.

Сега, Џими од „Молика“, често споделува објави за овој ресторан, а една таква беше пред празникот Осми март, кога во ресторанот пееле кој друг освен групата „Молика“.

Си знаат овие наши музичари да спојат и убаво и корисно, па освен што угостителскиот бизнис си го тераат со полна пареа, во него и настапуваат.

Претходна статијаСнежана Лупевска ужива во семејната среќа, еве што напиша за својот сопруг Ерџан
Следна статијаМаријан Коцев и жена му на романтично патување- не пропуштаат да покажат колку се сакаат (ФОТО)