Илина Арсова откри приказна од својот живот, ова нешто многу го сакала, но ја спречиле да го стори

0

Таа е наша позната македонска алпинистка, која со успех го заврши исклучителниот алпинистички подвиг „Седум врвови“, искачувајќи се на сите седум највисоки врвови на седумте континенти.

Со ова, Илина Арсова стана првата Македонка која успеа да ја комплетира оваа листа. Но, тоа не е нејзиниот единствен успех – таа листа е многу подолга и се протега во разни сфери од животот.

Таа е дипломиран ликовен уметник (во класата на Рубенс Корубин и Јован Шумковски), магистер по јазици (Филолошки факултет „Блаже Конески“), магистер по бизнис и меѓународна трговија (Универзитет Орлеан, Франција..)

Илина е и дипломиран туристички работник (Факултет за туризам Охрид), туристички водич, ски-инструктор, планинарски спасител, објави Слободен печат во една прилика за Илина Арсова, која сега е на докторски стдуии во Тенеси, САД.

– Тоа е комбинација од повеќе спортови, вештини и практични искуства. На пример во совладување на стрмен терен на голема височина, планинарот, алпинистот, се организира во експедициска група каде задачите се делат во тимот.

Секој член треба да биде психофизички подготвен за поминување на таков терен и да биде изложен на екстремни температури и ризик.

Треба да владее техники за качување карпа и мраз, работа со јажиња и извлекување од глечер, укажување на прва помош за себеси, партнерот или опремата, но да има познаваања и од метерологија, геоморфологија, топографија и ориентација.

Со секој искачен врв се повеќе се згро-зувам од насоката во која се движи човештвото особено во урбаните средини со наметнат прекумерен конзумеризам.

Се воодушевувам на едноставноста на животот на локалното население кое живее во пазувите на планините како и оние рурални средини кај нас, каде вистинските вредности се уште се донекаде зачувани.

Тоа чувство ме одржуваше силна до врвот. Да ја направам горда нашата земја и да ги израдувам сите тие луѓе кои виртуелно ме следеа до врвот“, изјавила за овој медиум Илина.

Покрај планинарството, таа е страствен активист за здрава животна средина, креативец, уметница. Но, пред сè, човек, жена која сепак во суштинските работи не се разликува од другите“, објави Фемина.мк за Илина.

Нишката на слободата ги спојува сите нејзини љубови… И токму за тоа што е слобода, за тоа што би можело да ја плаши жената што ги освои највисоките врвови, за вистинските пораз….

Чувството кога си „горе“, но и кога си на „најдолу“, за тоа каква жена таа гледа во својот одраз, а каква другите, се дел од темите на кои разговарале со неа.

– Секој си има свои бубачки Мислам дека сум искрена, праведна, доста емотивна. Во љубовта комплицирана и по потреба рационална.

Во голема мера едноставна, практична, со искрени намери за заштита на природата и промовирање на еден поубав свет на вистински вредности.

– Во рамките на нашата земја имам направено многу работи како прва и единствена дама. Сепак свесна сум дека во светот има многу како мене и уште многу појаки од мене.

Би сакала херојството да биде пример и поттик за другите дека „секој може“! Не очекувам ниту пак имам посебен третман заради тоа, но можеби имам поголемо алиби кога барам поддршка за нови предизвици.

Во 2013 бев доста актуелна како прва Македонка која се искачила на врвот на светот, Монт Еверест, медиумите ме нарекуваа хероина, но никој не се заинтересира за мојата реална состојба“, изјавила Илина.

-Во 2018 година со целосна поддршка од Федерацијата за планинарство и Агенцијата за млади и спорт кои го препознаа трудот и значењето на подвигот 7 врвови, конечно обезбедивме и финансиски средтсва за преостанатите два врвови.

Ова беше клучен момент за мене, да останам истрајна до крајот во оваа мисија која треше цели 9 години“, раскажа таа за својот тр-нлив пат воп Фемина.мк

-Дали има некој хор за луѓе што не знаат да пеат, ама имаат голема желба за пеење? Ова го ишува на Инстаграм профилот на порталот „Убавина и здравје“.

На овој цитат коментирала токму Илина Арсова, и со својот коментар раскажала една своја приказна од детството која не ѝ е позната на јавноста.

-Јас со тоа во основно завршив, кога сакав да се запишам на хор, а наставничката ми рече: Илинче, не си ти за пеење“, искоментирала Илина Арсова.

Претходна статијаТатјана Cтојановска објави ептен уникатни слики, ја паметите ли во ова издание? (ФОТО)
Следна статијаЦеца само за влечки дала повеќе од 1.000 евра, овие неколку „парталчиња“ чинат колку еден стан