Татјана Cтојановска објави ептен уникатни слики, ја паметите ли во ова издание? (ФОТО)

0

Татјана Стојановска е една од нашите најуспешни водителки и презентерки, лице кое секојдневно „влегува“ во секој дом, глас што се препознава од прва.

Дали сте свесни дека сте своевиден бренд и како успеавте во сите овие години да не го поматите со ниту еден скандал или непрофесионален гест- ја прашале во една прилика Татјана во Слободен печат, а таа одговорила:

– Кога човек работи професионално во една професија и се надградува чекор по чекор, и со искуството кое си доаѓа со годините расте во професијата и почнува да плива сигурно во неа, резултатот е неминовен.

Секако за една јавна личност да се одржи толку многу години во професијата, важни се и карактерните особини на личноста.

Ненаметливоста, културата во однесувањето и надвор од професијата, поведението, почитта на сите луѓе кои се вашата публика, оставањето позитивен впечаток во опкружувањето, сето тоа е габаритот кој ја издигнува една јавна личност во бренд.

Одржувањето на сето тоа не е нималку лесно. Гледачот е барометарот, тој го проценува сето тоа и го препознава.

Во мојата професија е многу важно да ја добиеш довербата на гледачот, да те почитува, да ти верува и да си подготвен да го одржиш сето тоа низ годините во континуитет и со ист интензитет.

Тајната е во тоа да си едноставен, приземјен, близок до гледачот, кој во однесувањето со луѓето е пријатен, човечен, еден од нив.

Доколку гледачот ја почувствува арогантноста, надменоста и недостапноста кај една јавна личност, таа личност сигурно нема да опстои долго на јавната сцена.

Ние работиме за гледачот да ја добие информацијата точно и навреме и од нашата интерпретација зависи како ќе ја прими. Затоа е важно како ќе биде пренесена, како ќе биде интонирана таа информација за да те разбере секој.

Кога ќе се приближиш до гледачот, кога тој те прифаќа како пријатен лик кој секојдневно му влегува во домот тогаш можеш да речеш дека си успеал.

Но, никако не смееш да го злоупотребиш тоа, да ја изгубиш довербата, затоа што за да траеш долго треба да останеш ист, тој каков што те прифатил и ти ја дал довербата гледачот.

-Во ера на брз развој на технологијата, човекот мора да ги следи и да ги применува сите нови технологии и приватно и професионално. Целиот живот е постојано учење и приспособување.

Секако тоа е неопходно и за развој во професијата. Ако во почетоците на мојата професионална кариера кои се на почетокот на 90-тите не ни работевме на компјутери, денес тоа е непоимливо.

Компјутерот и тастатурата ни се неопходни за работа, интернетот е прозорец кон светот. Информацијата стигнува за секунда од еден до крај на светот.

Многу го олеснува животот во секоја смисла. Веста е подостапна, во секое време и на секое место.

Конкретно во мојата работа при презентирањето вести користам „идиот“, но како бекап ги имам вестите на „старата добра хартија“ за секој случај за да не затаи техниката.

Што значи човекот ја користи техниката и технологијата, но секогаш мора да има алтернатива за работата да тече доколку затаи техниката и технологијата“, изјавила Татјана.

Таа објавила свои ретро слики на кои се гледа колку отсекогаш била многу убава жена, а тие се од 2000 и 2001 година, и сликана е во студиото на Македонската телевизија.

Претходна статијаНаташа Беквалац изненади со овој изглед, покажа како изгледа позади камерите кога нема шминка на себе (ФОТО)
Следна статијаИлина Арсова откри приказна од својот живот, ова нешто многу го сакала, но ја спречиле да го стори