Игор Џамбазов е интересе говорник и во медиумите секогаш има оригинални изјави, а во едно интервју за Независен, за време на пандемијата тој кажал:
-Не видов ни „С“ од солидарноста. Нашето општество е преполно со индивидуи кои навистина не ја разбираат сложеноста на оваа ситуација, па мр тви-ладни се шетаат себе си, своите деца и кучиња во време на поли цискиот час.
И уво не ги бо ли што со своите постапки го загро зуваат и здравјето и животот на останатите.
Тоа е толку неодговорно, егоистично, нехумано, и ќе треба многу време за да почнеме да рзмислуваме не само во свое, туку во името на сите нас. Менталитетот на еден народ не е расипан автомобил и не одиш на мајстор за да ти го поправат.
Менталитетот е нешто што е во нашиот генетски код. А мајстор за такво нешто се уште се нема родено“, рекол Игор во 2020 година.
Потоа го прашале: Важите за најдобар наш водител на сите времиња, имате долгогодишно големо влијание на публиката. Како се стекнува таква доверба? Џамбазов одговорил:
-Со искреност.. На луѓето им е преку глава од лажни и самопрогласени херои. Публиката сака да се препознае себе си во тебе и твојата уметност.
Да сфати дека и таа, како и ти, се справувате со истите овоземски проблеми. Затоа луѓето ги сакаат моите улоги, книги, песни…се пронаоѓаат во нив. Ете затоа ми веруваат“.
-Ќе уживам во животот што ми остана затоа што само тоа ми остана…хехехе…ќе се трудам да направам уште многу вредни работи кои ќе ги сака публиката, да ги дораскажам приказните кои се уште извираат од мојата глава.
Затоа што, како што сум напишал во една од книгите: „Не е важно што си можел да направиш во животот, важно е што навистина си направил“, додал познатиот актер.
– Се трудев да ги запомнам најубавите совети. И мислам дека успеав да ги сочувам до ден денешен. Од нив двајца научив како навистина се сака театарот. Со посветеност и професионализам.
Иако секој од нас има свои „жолти минути“, па така за 35 години во театарот нормално е да се случат и некои грешки кои за среќа не влијаеа многу на мојата кариера“, рекол Џамбазов за својата мајка Анче и за дедо му Петре, во Женски магазин.
Порталот „Жена за Жена“ објави едно интервју со Игор Џамбазов, кое е всупност превземено од порталот ММС, а таму тој искрено зборува за жените.
Пам, на прашањето: Колку знаеш да направиш изненадувања?, Игор одговорил:
– Е за тоа бев цар. Се сеќавам дека кога почнав да пишувам, така малку посериозно да се занимавам со поезија, им подарував песни.
Голем дел од жените со кои сум бил во животот добиле таков подарок… а некои тие пусулчиња на кои им ги пишував песните, па им ги оставав во нивните поштенски сандачиња, ги чуваа за спомен.
Некои од тие песни дури и ги објавив“, рекол Игор, а потоа упатил еден апел до сите политичарки во Македонија:
Што би им препорачал на жените политичарки кај нас кои имаат можност нешто да направат, е дел од следното прашање, а Џамбазов одговорил:
– Да не дозволат да бидат изм анипу лирани од врхушките на своите партии, па да бидат третирани само како обични бројки во парламентот.
Тоа што денес ги има на изборните листи, и тоа 50 проценти, може да биде ме ч со две острици. Но верувам дека ќе успеат да се изборат за своите, но и за правата на сите жени во Македонија.
И да, ќе го кажам и ова-време е за жена претседател, жена премиер…“, рекол Игор за ММС, а пренесе Жена за Жена.