Горан Алачки објави специјални слики со своите деца, Грациела и Благоја, не живеат во ист град но ги носи во срцето

0

Горан Алачки во 2021 година се покажа во уште еден правец кој не е музички. Имено, тој се кандидираше за градоначалник на Берово со поддршка на Интегра и во тој период даде неколку интервјуа.

Во разговор за „Репортер“ пред изборите лани, Алачки рече дека се надева на победа во Берово оти сака овој град да го направи светски туристички центар.

На прашањето од каде и како со паријата Интегра, тој вели: „Јас не ја избрав партијата, туку од Интегра ме избраа мене. Ми се јавија за да ме прашаат и јас решив да ја прифатам оваа работа.

Мислам дека моето име и презиме е доволно познато за бидам на оваа функција. Како уметник поинаку гледам на работите. Сакам да го развијам Берово да биде светски центар, туристичко место“, изјави Горан Алачки за „Репортер“.

Како политички независен кандидат вели: „До сега видовме што направија – ништо. Ни едните што беа на власт ни и другиве што се сега на власт, ништо не покажаа.

А народов тука е разединет, јас сакам да ги спојам луѓето. Имам некој бекграунд, вредности и сум се докажал како уметник. Не сум политички ориентиран.

Да ви кажам искрено, многу луѓе ми се јавија да ми кажат дека не планирале да гласаат, ама кога дознале дека сум кандидат, рекоа дека ќе излезат да гласаат за мене“, откри тогаш Алачки.

На прашањето што ќе биде ако стане градоначалник, ќе ја стави ли настрана музиката, вели: „Јас лани имав седум авионски билети што ми пропаднаа, куп семинари, музички настани, турнеи.

Музиката секогаш е дел од мене, но јас планирам целосно да се насочам на оваа работа“!

Откри и дека ја има најголемата поддршка од својата партнерка, новинарката Марина Дојчиновска, со која подолго време е во врска. Марина неодамна реши да ја напушти водителската професија и да се обиде во нов бизнис во кој Горан ја поддржа.

Телевизијата ја одбележа мојата професионална кариера, и после 20 години на ТВ-екраните, разделбата беше навистина драстична промена во мојот живот – екранот да се замени со бизнис-секојдневие.

-Со Горан си ги разубавуваме животите еден со друг веќе шеста година“, изјавила Марина за Слобиден печат.

„Понекогаш ми недостасуваат студиските светла, не велам не – но секојдневно сè уште добивам сатисфакција, дека сум правела нешто правилно и важно за сите нас.

Кога ми приоѓаат на улица луѓе што не ги познавам, за да ми кажат дека не пропуштиле ниту едно издание на „Македониум“, и дури запамтиле некоја јавно искажана мисла или актуелна дефиниција на реалноста во тој миг“, изјави Дојчиновска во интервју за Слободен печат.

Таа рече дека во во 2012 година ја основала нејзината компанија – „Хунза Веда“ со една единствена цел – да се донесе маслото од Хималаите до Скопје.

Познато е дека големиот маестро ха хармоника Горан Алачки многу го сака својот беровски крај, и тој сега место во Скопје, живее во родното Владимирово, каде што има куќа.

Куќата сега ја претводи во туристички и во музички и културен центар и му доаѓаат гости од цела Македонија и од надвор.

Тој има две возрасни деца, Грациела и Благоја, а Грациела е мајка на Јана и мажена за Игор Димовски кој е исто така музичар и е познат по серијалот „Пауза за ракија“.

Иако не живеат во ист град, Горан Алачки своитре деца ги носи во срцето, како и секој посветен татко. Алачки објави еден емотивен спомен со ќерката, постара слика до која напиша: Ова е мојата Грациела.

А, тој објави уште една слика, со двете деца кога биле помали. Сликата е всушност спомен од 1999 година, кога Грациела и Благоја биле мали.

Претходна статијаСе огласи Благоја Грујовски и за Репортер раскажа што точно се случило во Швајцарија
Следна статијаЛепа Брена на настап забележела чудна промена- веднаш заминала на лекар