Еве во каква романтика ужива Марија, сестрата на Натали Грубовиќ, која живее во Канада- овој човек ѝ го освои срцето

0

Наталија Грубовиќ јавноста ја засака под прекарот Натали, кој всушност дојде од Игор Џамбазов, во времето кога заедно водеа Бинго.

Цела Македонија го повторуваше она легендарното „Натали, Дај му на човекот“, што Џамбазов го кажуваше на мошне симпатичен начин.

Натали Грубовиќ важеше за една од најубавите македонки, ангажирана на многу модни ревии и кампањи.

Во последните неколку години се помалку може да се сретне во јавноста или да се прочита нешто за неa.

„Јавноста ме знае како бинго девојка, како лото девојка, а малкумина знаат дека јас сум дипломиран филолог по англиски јазик.

Во меѓувреме завршив Бизнис академија, Кембриџ бизнис студии во Белград, ги завршив постдипломските студии на Економскиот факултет во Скопје“, рече Натали во емисијата „Живот со стил“ со Елена Стефановска.

Познатата манекенка и бинго девојка, сега специјалист на маркетиг и ПР, долги години живее во Нови Сад, Србија. Натали се омажи за бизнисменот Дејан Глушац.

Нивната ќерка , која се вика Натали, по прекраот на мајка ѝ, има 5 години и освен што го носи името, поточно прекарот на мајка си, таа е убава на мама.

-Со радост се сеќавам на моментите од минатото. Убаво се работеше, убаво се живееше, но и сега не е лошо. Секој период од животот си има своја убавина. Сега ја наоѓам убавината во други работи.“

Мајчинството ја промени одвнатре, но надворешноста остана иста…На својата ќерка и го даде името – Натали“, објави во една прилика Момент.мк

„Не ми се веруваше дека толку многу ќе ме промени мајчинството. Откако ја добив мојата ќерка, животот ми е целосно променет. Таа е центарот на мојот свет.

Мојот сопруг беше „виновник“ за името. Кога прв пат ми ја кажа таа желба, бев против тоа, но тој инсистираше и беше упорен. Името многу и одговара!“, рекла Натали.

Познато е дека Натали има уште една сестра, д-р Радица Грубовиќ – Растворцева, која е раководител на Институт за трансфузиона медицина во Скопје.

Сестрите често објавуваат заеднички фотографии oд нивните дружења и патувања. Речиси секое лето, тие се во Црна Гора.

Нo, помалку е експонирана нејзината помала сестра Маријa, која во 2018 година беше кај Натали во Нови Сад, за да ја прослават заедно Новата година. Тогаш сестрите објавија заедничка слика.

Трите убавици: Натали, Радица и Марија ретко објавуваат слики заедно, се освен кога има посебен повод за тоа.

На Марија ѝ беше роденден, па Натали објави стори со сестра си, и фотографија со двете сестри на кои трите изглеаат прекрасно.

Марија потоа беше на гости кај својата сестра во Нови Сад. Таа објави стори со сестра си, и на оваа слика на двете убавици, Натали докажа како времето за неа да застанало, таа е иста од времето на Бинго.

При крајот на минатата година, Радица на социјалните мрежи објави за нивната голема семејна загуба. Се упокоил таткото на семејството Грубовиќ, познатиот доктор Милош.

„Со големо жалење, ги известуваме сите наши драги роднини и пријатели, дека сабајлево го изгубивме нашиот најсакан татко, Прим. Др. Милош Грубовиќ.

Најмил и најдраг татице, ти благодариме за се, ти беше најдобриот татко, сопруг, дедо, пријател и човек.

Вечно ќе те сакаме и ќе живее твојот спомен во сите нас. Поч ивај во мир и нека ти е вечна Слава!“, напиша Радица Грубовиќ на социјалните мрежи.

Марија Грубовиќ, најмалата сестра на Натали и на Радица, судејќи според сликите на нејзиниот Фејсбук профил, сега живее во Канада.

Таа со нејзиниот сакан Бојан, објавува слики од Монтерал и Торонто, како уживаат во прошетките низ убавините на овие градови.

Но, на одмор биле во Куба, од каде што исто така е објавена убава слика на социјалните мрежи. Сега, и таа и нејзиниот сопруг кој се вика Бојан Тодоров се во Канада и уживаат во заедничките моменти.

На Фејсбук профилот на Бојан е објавена нивна заедничка слика, од романтично место, како и двајцата чекорат покрај море, а Марија носи бел фустан.

 

 

Претходна статијаДевојка му се онеcвеcтила кога ја однел во банка да го земе хонорарот од само една песна- му рекле дека толку пари немаат да му исплатат – животот на екс ЈУ пејачот
Следна статијаГорда на својот сакан, еве какви новости сподели Антониа Гиговска од Роберт