Еве како обожавател ја нарече Милена Антовска во коментар и зошто е таа „најлепша дама“ (ФОТО)

0

Милена Антовска-Станковска е една од најубавите наши ТВ-водителки, препознатлива по утринската програма на Канал 5 телевизија долги години.

Многу шеговити видеа излегоа на социјалните мрежи изминативе години, инсерти од моментите кога ТВ-гледачите се однесуваат непристојно со неа, или поставуваат прашања вон темата на емисијата.

На сите нив, Милена им одговара со насмевка, но за една случка која воопшто не била пријатна за неа, зборувала во интервју за Женски магазин.

Има од сѐ по нешто (се смее). Има интересни ликови кои најчесто кажуваат или пишуваат позитивни коментари, но има и такви што се опсе днуваат.

Имаше еден гледач кој постојано ми праќаше писма, со песни и исечоци од весници, не ги ни читав искрено“, рекла Милена во ова интервју, а за Еспресо.мк таа раскажала:

-Еден обичен ден е турбо, хаха. Станувам сабајле, ја спремам Лана Марија, ја носам во градинка и продолжувам на работа.

Јоана уште не оди во градинка, ја чуваат или моите родители или свекрва ми. Завршувам со работа и некои други обврски што ги имам надвор од телевизија, па ја земам Лана Марија од градинка и доаѓаме дома.

Потоа, или дома играме нешто или ни доаѓаат гости или ние заминуваме некаде, зависи од денот и од ангажманите“, раскажала Милена која е мајка на две деца.

Таа ја води Утринската програма на Канал 5 „Здраво Македонијо“, и е една од нашите најекспонирани ТВ лица, и најактуелна на социјалните мрежи.

Уште од рано наутро, Милена е подготвена за фотографија или видео на кои е секогаш насмеана. Важи и за една од најубавите и најнегуваните жени во јавноста, а оние кои ја следат, ја немаат видено онаа нејзина друга, домашна страна.

Дома сум по тренерки или пижами, хаха. Некогаш со Лана Марија заедно знаеме да се дотеруваме бидејќи сега е во таа фаза и интересно ѝ е да ме гледа како се подготвувам или шминкам“, вели Милена.

– Се вратив во форма, и дури не ми се верува дека без посебна диета или вежбање сум супер сега. Само што престанав со доење, телото ми се врати во првобитна состојба за среќа“, низ насмевка раскажува Милена за „Еспресо“.

– Не може секој да те сака или да си му убав. Ова не важи само за мене туку за било која друга јавна личност. Одамна не читам коментари затоа што мислам дека нема потреба да читам кога станува збор за физички изглед.

Коментари секогаш имало секакви, и лоши и добри, но не замерувам искрено. Околу моите постапките, не можам да кажам дека сум прочитала нешто лошо или пак може не се ни сеќавам или сум заборавила.

Секој има право на свое мислење. Ако е вистинито го почитувам, ако е лага го занемарувам“, откри атрактивната водителка.

Во многу елегенатно издание, Милена се појавила на манифестацијата „Златна Бубамара на популарноста“ ама изгледала топ, најдобро до сега.

Милена се прошетала низ салата, позирала, и добиа многу коментари од своите обожаватели дека изгледа топ.

А еден од коментарите кој привлекува најмногу внимание вели: Најлепша и дама на Канал 5!

Претходна статијаИскра Јанковска: Гледам многумина се исмеваат, но да не е Златна Бубамара, нема да има каде да облече фустани нашата естрада
Следна статијаЦеца ги откри сите детали околи породувањето на Богдана, уште од сега знае на кого ќе личи бебето