Еве како дечкото на Ведрана ја „тинтра“ нашата водителка- cе капе со цветови во екстра луксузен ресоpт

0

Згодната водителка Ведрана Ѓорѓевиќ која наполни 35 години, е во топ-форма и импонира со својата висина од 183 см, елоквентност и атрактивност.

Иако смета дека естетските операции се веќе секојдневие и кај нас, страст и се тетоважите кои ги покажа како манекенка- невеста на Саемот на венчавки во Скопје.

јавноста ја запозна како модел, во моментов ја води емисијата „Г карпет“ заедно со Миро Кацаров на „Канал 5“. Ведрана за себеси вели дека е спортски тип, и приватно никогаш не се облекува како во студио и на јавни настани.

Кариерата на ТВ ја започна како презентерка на временската пргоноза, а овој анагажман соврешно се вклопи со нејзиното име- кога времето е ведро.

Она што малкумина го знаат за Ведрана е дека има завршено безбедност, има лиценца за брокер, за туристички придружник, а работи и како маркетинг агент.

Со манекенство почнала од 17 години на првата Модна недела која во тоа време се одвиваше на Скопски саем, но повеќе работела како модел и снимала реклами и каталози.

Вели, во секој случај е убаво искуство но не се живее во Македонија од манекенство. Се уште работи како модел и често пати се случува да снима реклами.

Водителката Ведрана Ѓорѓевиќ неодамна се врати од одмор на Бали со својот сакан. На романтично место, таа го прославила својот 35. роденден со Андрија Антиќ, за кој вели дека се чувствува како да се во брак.

Ведрана вели дека сите мислеле дека ќе се случи запросување на нејзиниот роденден, но атрактивната водителка е против тие стереотипи.

За „Еспресо“, таа ја раскажа својата љубовна приказна со Андрија, и сите впечатоци од Бали.

-Првпат сум на Бали, но сигурно не и последен. Следниот пат точно знам како да го организирам времето и каде да отидам уште од првиот ден, а тоа е дефинитивно островот Gili Trawangan.

Белите песочни плажи, изобилие на овошје, зеленчук и храна со многу зачини, како и насмеани лица на кои главна цел им е да те угостат и да го направат твојот одмор незаборавен е нешто што не се заборава и за кое се враќа уште многу пати на Бали.

Овојпат патувањето имаше малку истражувачки карактер, и покрај краток одмор целта ми беше да поминам работно и го исполнив тоа за кое отидов.

Иако повеќето пријатели и познаници мислеа дека ќе „падне запросување“ не беше така и се радувам, заради тоа што веројатно Андрија ме познава подобро од тоа да ме запроси на некое толку очигледно место. Може тој и подобро од тоа“, раскажа Ведрана.

Ведрана сега објави уште слики од Бали и на нив се гледа како нејзиниот дечко таму „ја тинтрал“. Ведрана објави слики од Бали, каде што неодамна беа на одмор, ама не било какви слики.

На нив се гледа како нашата згодна водителка се капела во цветови во луксузен ресорт, што значи дека нејзиниот дечко се грижи за неа како да е принцеза.

Претходна статијаСани и Никола ги снема од Инстраграм, си ги изгазија профилите и се повлекоа од јавноста
Следна статијаДушко на Карлеуша објави посебна фотографија, воодушеви многу дами со неговиот изглед (ФОТО)