Брејк не старее- нашиот пејач и бизнисмен по долго време cе појави во јавноста, еве како изгледа сега (ФОТО)

0

Познатиот пејач Дарко Гелев- Брејк е сега повеќе посветен на бизнисот, радио станиците кои се во негова сопственост. Инаку тој има испеано неколку добри песни како „Долго чекав“, „За нас“, „Болиш“…

Како што е понзтао тој има три деца, син од првиот брак и ќерка и син од бракот со Драгана Клопчевска, која е инаку поранешна Мис на Македонија.

– Има толку многу мигови во мојот живот кога од среќа сум мислела дека срцето ќе ми излезе од градиве.

За најголемиот дел заслужно е моето семејство на кое секогаш можам да се потпрам, за дел од нив заслугата е на мојот сопруг кој е мајстор за изненадувања.

Но, ако треба да издвојам еден ден, момент, минута, тоа би било 25/07/2013…11:05 денот кога се роди Давид и кога јас станав мајка за прв пат.

Ги сакам скоро сите карактеристики кои го красат мојот сопруг.

Ја сакам смислата за хумор и самодовербата без ароганција. Го сакам Дарко затоа што е романтичен, искрен, не си ги штеди емоциите, сочуствителен е, вреден, чесен и посветен.

Затоа што знае да даде комплимент, знае да охрабри и да донесе сонце во небо полно облаци. Флексибилен и трпелив. Затоа што е верен и прекрасен љубовник, добар татко и пријател кој секогаш ме разбира….или барем се обидува.

Се знаевме одамна (Дарко е прв братучед на мој школски), а после многу години се видовме повторно.

Се гледавме на кафе, разговаравме како пријатели кои се немаат видено со години. Тој за својот живот, јас за мојот. Останатото го знаете, чекор по чекор споделивме сѐ“, рече Драгана во едно интервју за Фешнел.

Ќе посакам секој да си го најде мирот во себе, да преовлада разумот и ладни глави, секое дете на овој свет да има мирно, безгрижно и среќно детство, да шириме љубов и позитивни мисли затоа што сѐ се плаќа во животот.

На овој или оној начин“, рече Драгана во Фешнел.

Токму на роденденот на слатката Деа, Драгана ја смени профилната слика на фејсбук на која е сликана заедно со ќерката. Таа доби многу честитки од пријателите за роденденот на ќерката.

Драгана, сопругата на Брејк објавила слика, која што е всушност спомен, но ома љубовна симболика. Објавена е на денот на виното и љубовта, и таа напишала: Мојот Валентајн.

Но, она што се крие зад сликата е објаснето години пред тоа, а според објавата на Драгана, уште трае.

Таа на сликата има напишано: Никој не знае. Но, ти имаш тајна насмевка, и ја користиш само за мене“.

Тој во една прилика,Брејк која е сега слабо активен во музиката, беше гостин во Утрински брифинг на слободна Тв и зборуваше за своите три радио станици: Сити, Метрополис и Клуб ФМ.

-Би било клише ако речам дека е тешко да си сопственик на радио. Тешко е, комплицирано е, посебно со маркетингот, каде со најмала најава на некоја криза стопира маркетингот и клиентите внимателно ги трошат парите.

Во трите радио станици има 63 луѓе кои што работат, работиме и на четврта радио станица. Се надеваме дека би почнале септември-октомври.

Радијата се слушаат. Помалку сетила работат, не се одзема комплетно вниманието. Информациите кои доаѓаат преку радиото во однос на телевизијата има голема разлика. Ја сакаме магијата до луѓето да допираме преку звук“, изјавил Брејк.

Тазе слика од Брејк, објави Димитар Атанасовски, нашиот познат водител, кој е сликан заедно со неговата сопруга Сара Мејс, и со Драгана, на Брејк сопругата.

Четворицата заедно слават, тоест се сликани се на мекици, и на оваа слика се гледа дека Брејк како воопшто да се нема сменето- тој е секогаш ист.

Претходна статијаOткога се омажи целосно се смени – еве како сега изгледа Елена Живот cо стил (ФОТО)
Следна статијаНа Ѓокица Лукаревски годините ништо не му можат- еве што направи cо Дац и Александар на сцена во Драмски (ВИДЕ0)