Oткога се омажи целосно се смени – еве како сега изгледа Елена Живот cо стил (ФОТО)

0

Елена Стефановска минатата година го кажа судбоносното „да” на нејзиниот долгодишен вереник Бојан.

Најпрво Елена, претходниот викенд прослави моминска вечер заедно со своите другарки и тоа го направи на многу магично место, на плажа, во бикини и коктели.

Потоа, Елена на својот профил објави одбројување до денот на свадбата, а нејзините обожаватели едвај чекаа да видат како ќе изгледа водителката.

Елена Стефановска на своето стори сподели мали моменти од својата свадба. Таа всушност објави неколку видеа од првиот танц, а потоа на сите им се заблагодари за честитките и изјави дека официјалните фотографии ќе бидат објавени наскоро.

,,Драги мои, Ви благодарам на сите честитки што ми ги пративте. Ги имаше навистина многу.

п.с Ја имав најубавата свадба, официјални фотки наскоро!,” напиша Елена.

На свадбата на познатата водителка и пееше познатиот српски пејач, Никола Роквиќ, кој на водителката и ја испеа песната ,,Мед и слатко грозје”, a Елена со дигнати раце пееше со него.

„Фала ти за љубовта”, му напиша Елена на пејачот кој го објави на нејзиното стори.

Елена изгледаше совршено во нејзината венчаница која се влечеше отпозади и даваше изглед на вистинска принцеза. Потоа кога дојде време за журката, водителката се раскомоти и облече кратко бело фустанче со пердуви.

Всушност, речиси сите невести сега одбираат да носат две венчаници, една подолга и една пократка која нема да им тежи за време на забавувањето.

Елена изгледаше совршено во нејзината венчаница која се влечеше отпозади и даваше изглед на вистинска принцеза.

Потоа кога дојде време за журката, водителката се раскомоти и облече кратко бело фустанче со пердуви.

Да потсетиме, Елена во емисијата Живот со стил се занимава со мода, а стилот на натпреварувачите го оценуваат познати личности.

Ја сакам модата од малечка, ги следев сите трендови на ТВ и во магазините, наши и странски. Ја истражував таа модна сцена, ме пленеа убавите стилови од парчето облека, накит, до уредените домови.

-Во 2011 беше стартот на првата емисија. Се гордеам што толку време успевам да ја одржам емисијата, да опстојува во етерот, да биде атрактивна и со гости и со содржини.

И се трудам секогаш да биде нова, примамлива, интересна и различна.

Тешко беше на почетокот, но и сега е исто, секогаш треба да најдеш интересен сегмент и да ги убедиш потенцијалните спонзори за да го најдат својот бенефит за својот производ во мојата приказна наречена „Живот со стил“.

Но, најважно е да се работи работата што ја сакаш. И да ја работиш со професионален тим во продукцискиот дел. А кога твориме со љубов, резултатите се неминовни“, рече Елена.

Таа до пред да се омажи не зборуваше за својот љубовен живот, но откако често почна да споделува слики од убавите моменти со својот сакан, јавноста знае дека е во врска со Бојан Најдовски.

Таа во една прилика објави видео и фотографии на Инстаграм како ужива во „домашниот спа центар“ во која си имаше подготвено топла купка, идеална за релаксација во врнежливите денови.

На Елена, брачниот живот ѝ годи и ѝ оди од рака, а тоа го покажува постојано и открива дека е многу среќна. Таа често патува надвор од Скопје со Бојан, каде сака да си ја зачува приватноста со избраникот Бојан.

Изгледа како на Елена животот да ѝ се смени откога се омажи за Бојан и како повеќе да ужива. Таа постојано покажува каде шета и каде патува и сѐ почесто објавува љубовни слики со својот сакан.

Водителката веќе почнала да се подготвува за летото и објави видео како вежба од фитнес центар. На видеото, Елена се истегнуваше, но по нејзината фигура може да се забележи дека е стегната и е многу сменета, а и спремна за слики од плажа.

Претходна статијаEве што работела порано актерката Лидија Вуќичевиќ, поврзано е cо Гранд, но не сакала да продолжи во таа насoка
Следна статијаБрејк не старее- нашиот пејач и бизнисмен по долго време cе појави во јавноста, еве како изгледа сега (ФОТО)