Блага Петреска раскажа лична семејна приказна, а ова го откри за својата ќерка која е помалку присутна во јавноста

0

-Јас сум вљубена во Македонија и сметам дека е најубавото место за живеење, почнувајќи од климата, храната, водата, народот“, иама изјавено Блага Петереска, напата позната фолк пејачка во една прилика.

-Обичаите, се имаме што ни е потребно за живот, ама политиката го раздели народот и многу ми е жал šто го дозволивме тоа.

Самите да бидеме против себе. Време е народот да се свести дека заедно сплотени сме посилни и дека ние треба да направиме нашите деца да се покрај нас.

Да не ни се иселуваат за да нема ожалостени мајки, татковци, баби, дедовци, да се сите заедно“, рече во една прилика фолк Блага а пота прозбре за загубата на сопругот. Оваа жена има многу проживеано, и сето тоа на нозе го поминала.

-Мене ми се случи вистинска љубов и две деца од истата. Кога останав сама решив да не ги повредам моите деца затоа што тие го сакаа многу својот татко.

Сите тројца седнавме и се договоривме дека јас ќе работам и хонорарно да не им недостига ништо, а тие да учат, да завршат факултети и така и бидна.“, рекла Блага.

По потекло, Блага е од Прилеп и во едно интервју за Свет Австралија зборуваше за својот град и за својот живот воопшто.

– Мојот животен век е повеќе во Скопје одколку во Прилеп, ама јас сум горда што зборувам чисто македонски, впрочем Прилеп, Битола, Велес се градовите што го зборуваат правиот македонски јазик, а тоа е привилегија“, изјави Блага и додаде:

– Бидејќи работев со најдобрите имиња на музичката сцена: Јанко Узунов, Милан Зафков, Глигор Копров, Томислав Таневски и др, а последните 20 години со композиторот Миле Барбаровски.

А, бидејќи и двајцата сме музички образовани, правевме поиздржани песни со потешки и поспецифични припеви кои можат да ги отсвират само добро потковани музичари со какви што соработував, а тоа беа оркестарот “Македонски Мерак” на чело со Милан Зафков.

Потоа со Ферус Мустафов, а такви има многу малку. Јас кога гостувам некаде самите музичари се бранат и велат дека не ги спремиле моите песни затоа што навистина има мајсторија во песните“, рекла Блага.

Како семејство кое се занимава со музика, Блага за Женски магазин изјави дека слободното време не го користат за дополнително консумирање музика, туку за да разменат мислења и да се дружат како семејство.

– На прашањето за мојата енергија ќе кажам дека човекот се раѓа со енергија, а после е прашање каде ќе ја усмериш енергијата.

Може да биде во позитивен и негативен правец. Јас сум непоправлив оптимист му се радувам на животот и на се што ме опкружува“, рекла таа за Свет Австралија.

Блага како што рече има две деца, син и ќерка, и четири внуци. Синот Олег Кондратенко е еден од највлијателните македонски музички уметници и работи во земјава, а ќерка ѝ Оља работеше и живееше во странство.

Но, како што откри Петреска ќерка ѝ се вратила овде во земјава. Сега се сите овде.

– Мојата ќерка се врати со своето семејство и сега сум многу среќна што сме сите тука заедно, вели музичката легенда на народна музика и додава:

Јас сум во постојан контакт со моите четири внуци, додека нивните родители се на работа, баба е овде да зготви и да ги пречека децата, вели пејачката.

Претходна статијаБлагоја Чоревски откри каде ќе биде последното испраќање на Димче Мешковски и рече зошто е многу разочаран и што најмногу го боли (ВИДЕО)
Следна статијаСо години не сакаа очи да си видат, Драгана Мирковиќ била многу лута на овој познат човек, ова е причината