Колозов ќе наполнеше 75 години, а еве што кажа Шенка за својот никогаш непрежален Ѓорѓи

0

На 26 февруари, „последниот македонски цар“ Ѓорѓи Колозов ќе наполнеше 75 години. Тој е роден на 26 февруари 1948 во Богданци, а се упокои на 13 октомври 2003 во Скопје.

Колозов беше еден од најпознатите глумци во Македонија, најзапаметен е по неговите извонредни толкувања на разни типски ликови од народно творештво како цар, кадија, чорбаџија, селанец, па дури и како Господ.

Уживал популарност и во македонската дијаспора, во Австралија, САД, како и во соседните држави на Балканот.

А на 13 октомври ќе се навршат точно 18 години откако го загубивме легендарниот актер, идолот на многу генерации кој уште живее во спомените на народот.

По повод 18 години од загубата на царот, Горан Марковски, кој е адиминистратор на Фејсбук страницата на Колозов, има напишано:

“Шенке, ова е тоа” беа последните зборови на царот пред да престани да чука неговото срце засекогаш…си замина кон бесконечноста, полн со желба за живот, да се радува, да твори, да се смее…

Денес се навршуваат осумнаесет тажни и празни години без царот!

Сцената живот, пуста…срцата, празни…и нема ништо по присутно од неговото отсуство…

Присетете се денес на царот на приказните, бидејќи прерано го истрча својот пат, краток, но славен!

Сполај ти за сите убајни и добрини што ни ги пружи! Те сака и милува едена цела нација!

Нека ти се бесконечно многу години честити царе, таму каде што си нема болка и тага, саде убајни царцки! Си спомнуваме за тебе! Слава ти!

Посветил/напишал: Горан Марковски, администратор на неговата страница!“.

Но, она што малкумина го знаат за Ѓорѓи е исто така објавено на страницата, а на снимката, тој е млад, а не е сцена од приказните.

Колозов е објавен во издание во какво не го знаеме. На страницата е објаснето на овој начин:

-Ексклузивно! Сите најмногу го знаевме по неговиот уникатен изглед или по неговата втора половина од животниот век: полничок, со тркалезно дебело лице, бела брада, ситни очиња од кои секогаш зрачеше правдина и добрина, пригушлива насмевка, и над мудрите долги бели коси секогаш стоеше качкет,

под кој препознававме наш дедо, ближен мудар човек или едноставно кажано го препознававме МАКЕДОНСКИОТ ЧОВЕК кој не одликува низ нашата историја!

Сигурно не сте го виделе во вакво издание! 23 годишниот Ѓорѓи Колозов го носи на грб својот една година помлад колега, 22 годишниот Гоце Влахов во сцена од филмот “Македонскиот дел од пек олот” во режија на Ватрослав Мимица, снимен во 1971 година!

Ова е неговото прво филмско појавување! Маестрално и моќно!“, стоеше на оваа страница.

А, во една прилика, ШЕнка за својот Ѓорѓи има кажано: Не се случило да излезам негде, а да не ме запрат непознати луѓе и да не го спомнат Ѓорѓи. И секој муабет завршува со зборовите „како него – нема друг“.

Ќерките ми кажуваат дека некаде на социјалните мрежи, кога беше промовиран

Мостот на уметниците пред Археолошкиот музеј имало прашање зошто меѓу поставените споменици нема и споменик на Колозов. Во коментарите некој запишал: Нему не му треба споменик, Колозов е жив“, рече Шенка.

Претходна статијаЕве како сега изгледа куќата во која се снимаа Македонските народни приказни, која тајна ја крие и зошто е толку посебна
Следна статијаСамо на оваа наша позната новинарка ѝ успеа да му се доближи на Огњен Амиџиќ, откако се разведе од Данијела