Јордан Митев кажа: Не сум научен на луксуз, не е се во парите и објави убави вести поврзани со Швајцарија

1

– Сите треба да наздрвуваме само за љубов и среќа, но само со искрена желба а и љубов со тие што ги сакаме“, стои во еден коментар на Фејсбук страницата на Јордан Митев.

Нашиот фолк пејач има доста обожаватели кои му пишувата разни коментари, особено под неговите песни кои често ги објавува, а ова беше случај со песната „Наздрави за љубов“.

Нашиот познат и почитуван фолк пејач, во една прилика беше запрашан нешто на коешто му беше тешко да одговори, како етаблиран пејач со многу хитови:

Која песна во изведба на Јордан Митев е најуспешната и зошто токму таа?

-Па имам неколку навистина успешни песни. Некои песни созреваат брзо и стануваат слушани во моментот на нивото издавање. На некои пак им треба време и прав момент.

Некогаш тој прав момент песната може го чека со години, како што е примерот со песната Ај што мерак имам бабо која е стара радовишка песна. Оваа песна од секогаш се пеела во радовишкиот регион, но кога јас ја обработив песната доби друга диманзија.

Вели и дека е задоволен од тоа како му поминуваат годините, на професионално поле, а пак приватно, вели дека иако засега нема принова во неговиот дом, како се надева на таква радост и во неговата куќа за скоро време, објави Фокус.

-Во првите години од мојата кариера бев возбуден на секој нов настап во дијаспората, бидејќи секое ново патување за мене значеше отварање на нов свет,нови луѓе.

Но со текот на годините, еве ова веќе е 13-та година од мојата активна кариера , тие настапи станаа за мене нешто најнормално.

На некој начин станаа секојдневие, а разликите помеѓу дома и надвор прилично се избалансираа и изедначија.

По многу патувања, за мене сега веќе не е важно каде ќе пеам туку ми е најважно како е организирано,во каква сала,со колку гости и сите професионални нишани за еден музички професионалец“, рекол Митев во едно интервју за Радар.

Потоа, за неговата сопруга, во истото интервју тој изјавил:

– Во 2017-та правев свадба во Македонија, со сите адети. Мојата избраничка е Македонка, родена во Австралија. Промените во животот се нормални и добро е да се случуваат,тоа значи дека човек живее и дека оди напред во животот.

Секако дека наоѓам време за се . Сега за сега, фала му на Бога , добро течат работите, а се надевам дека така и ќе остане. Кога објавив дека мојата избраничка е од Австралија,често ми го поставуваа прашањето дали сега ќе заминам таму.

Тоа е разбирливо, бидејќи знаеме каков е животот во Австралија, земја која спаѓа меѓу оние со највисок стандард во светот. Но,знаете како, не е се само во стандардот.

Животот не е само во тоа колкава плата земаш, каква кола возиш… Животот и среќата се многу многу повеќе од материјалното! И јас, како и повеќето во Македонија, сум бил често пати разочаран од многу работи овде.

Но,на крајот од краишатата, ова е моја земја, овде е се што имам . Јас ја сакам мојата татковина со сите недостатоци бидејќи овде е мојот корен,стебло и гранки.

Можеби така размислувам бидејќи не сум научен на некојси раскош и луксуз.Пораснав во многу многу скромни услови,знам што значи да си некаде на дното и затоа сега со се што имам сум среќен и задоволен.

Меѓу другото , мојата кариера се движи по добар пат и се надевам дека така ќе остане уште многу години.Затоа , јас со мојата сопруга останувам овде. За среќа , таа има разбирање и се надевам така ќе остане“, кажал Митев.

Тој објави убваи вести за нашинците од Швајцарија, дека на 16 април по повод прославата на Велигден тој ќе настапи во македонска православна црква, за нашинците во оваа земја.

Претходна статијаЛила се отвори за својот живот и искрено кажа: Бог ти зема капка, па ти дава океан…
Следна статијаЖивееле често под кирија, долго време им требало да дојдат до сопствен дом- Кате од „Нели ти реков“ ја раскажа својата животна приказна