Лила се отвори за својот живот и искрено кажа: Бог ти зема капка, па ти дава океан…

0

Лила Стојановска, екс Филиповска е најпознатата македонска инфлуенсерка. Лила, празно, празно, празно место, па сите останати…

Зошто е тоа така, па едноставно, затоа што Лила има преку 200 илјади следбеници на Инстаграм. Бројките кажуваат се. А кога е некој толку популарен, интересот за неговиот приватен живот е десет пати поголем.

Лила Стојановска неодамна во емисијата „Магазин“ на нејзината матична ТВ куќа „Сител“, зборуваше за својата кариера, за животот, и за згодите и незгодите на снимањата на „Сѐ или нешто“.

Лила зборуваше на тема дали ѝ пречат многуте озборувања на нејзина сметка, популарно наречени „тролања“. Таа рече дека не ѝ пречи кога ја нарекле „Господар на прстените“, туку напротив, дека тоа ѝ било симпатично.

– Кога си толку години јавна личност како јас, треба да се навикнеш на сите тие муабети.

Тие се повеќе саркастични, а јас обожавам саркастичен и интелигентен хумор, и кога на тој начин ме „тролаат“ ми се слатки, знаеш,“ откри Лила.

Лила послeдниов период беше актуелна по нејзината здеравствена состојба. Иако директно не кажа што ѝ се слушило, таа имала сериозни проб леми, но ја извоју вала и таа битка.

– Заслуживме ваква насмевка од срце и јас и Рагнар. Заслуживме да и се насмееме и да ја испратиме старата година. Година која ми одржа незаборавна лекција…која скапо ме чинеше, ама истовремено сум и многу благодарна за искуството за кој не бев подготвена.

Ама нели “храбрите ги прати среќата” па излегов посилна и помудра! Затоа сакам што побрзо да си оди, доста и беше!…

Она што ми е најбитно од се и во оваа година ми е да сум здрава и жива и да бидам опкружена само со позитивни луѓе , луѓе кои ме инспирираат и го будат најдоброто во мене.

Истото ви го посакувам и Вам драги пријатели … благодарам на вашата поддршка и критика на сета љубов што ми ја давате затоа што ако Ве нема Вас и јас не би била тоа што сум…

Имајте најсреќна нова година….Ве сакам …и во годинава што следува бидете ми живи и здрави…Ваша Лила“, напиша Лила на 31декември минатата година, и се сликаше покрај елката со својот мачор, во својот дом.

Лила во ноември минатата година, беше во Јордан, и од таму сподели една доста интересна и емотивна објава:

Како вистинска христијанка и верник денес ми се исполни една дамнешна желба…. Крштевање во светите води на реката Јордан местото каде Јован крстител го крштевал Исус.

Никогаш посреќна ,никогаш поблиску до бог. Да правиме добри дела и да шириме љубов“, стои во објавата за Лила пред неколку месеци. А кога славаше роденден, во октомври, таа на Инстаграм исто така раскажа своја лична приказна:

– Вечерва облеков фустан во бела боја…вечерва го славам животот, љубовта и мојот роденден.

Оставам зад себе една тешка, претешка година која ме научи да го славам секој ден како да е роденден , да го почитувам секој момент и да бирам пријатели кои за мене би го направиле она што и јас за нив !

Научив дека секој ден е борба и дека со добра мисла секој проблем е решлив. Овој ден е мој ден…овој ден е мојот роденден“, напиша Лила, а потоа додаде: Што не боли-тоа не е живот, што не поминува тоа не е среќа.

– Синоќа имав една прекрасна вечер, вечер за паметење ! Имам многу за кажување ама ќе бидм кратка… благодарам на сите што ми пружија рака, љубов и поддршка. Што дојдоа и ми ја разубавеа вечерта“, напиша Лила.

Поврзано со нејзиниот живот и случувањата во него, Лила сподели уште една објава неодамна која гласи: Бог ти зема капка, па ти дава океан. Не ме прашувајте како знам“.

Претходна статијаТијана ја кажа вистината за приказната околу разводот со Милан- искрена како и секогаш
Следна статијаЈордан Митев кажа: Не сум научен на луксуз, не е се во парите и објави убави вести поврзани со Швајцарија