Атмосфера која подига – еве зошто нашинците во Америка многу ја сакаат Стојне Николова (ВИДЕО)

0

Нашата позната фолк пејачка Стојне Николова, која важи за една од џебните венери на нашата музиичка сцена, неодамна на Фејсбук објави своја слика и една мудра мисла, која е всушност цитат.

„Можете да одредите колку се луѓето самоуверени слушајќи го она што не го кажуваат за себе.“ Брајан Џ. Џет“, напипа Стојне до оваа слика на која е облечена во фармерки и ролка.

Стојне обично сме научени да ја гледаме во кратки фустани, во кратки пантолони, но нашата пејачка убаво изгледа секако и во вакво едно сосема поинакво, спортско издание.

Младата фолкерка Стојне Николова која кариерата ја започна пред неколку години во моментов е една од најбараните и најпопуларни пејачки на домашен терен.

Вели дека е пресреќна поради тоа, но истовремено и е многу жал што нејзиниот покоен татко не може да ги види успесите кои ги постигнала.

Сигурно мојата среќа би била поголема доколку човекот кој е заслужен за досегашниот мој успех може да ја види радоста во моите очи – мојот татко.

Болката и празнината се големи и не можат да се опишат, но јас ќе продолжам понатаму зашто тоа е мојот, а беше и негов сон”, рече Стојне.

„Се што постигнав во животот му должам на татко ми“, откри младата фолкерка.

Симпатичната струмичанка признава дека нема идоли меѓу домашните повозрасни колеги, но дека исклучително ги цени сечиј напор и труд.

Вели, дека и понатаму ќе ја има и на тезгите, иако сака да се обиде и на домашните фестивали.

За мене се подеднакво значајни и фестивалите и тезгите, затоа што тезгите и покрај тоа што ми се финансиска поткрепа се и место каде што можам да ги истакнам своите вокални квалитети (задоволство ми е да пеам во живо).

Од друга страна, фестивалите се место за промоција, а и следење на работата на другите колеги, па секако ќе следуваат и настапи на некои од реномираните фестивали кај нас, откри пејачката, а објави Убавина и здравје.

-Драги пријатели во Америка, со задоволство сакам да ги најавам нашите заеднички дружби“, напиша Стојне Николова на својот Фејсбук профил на крајот од минатата година, најавувајќи каде ќе пее за Новата година и по неа.

– Првиот концерт и заедничко дружење беше за дочекот на Новата година во Чикаго, во црквата Св.Кирил и Методиј. Турнејата продолжи во текот на цел Јануари во повеќе градови.

Јас и мојата музичка подршка ве очекуваме во голем број и ви гарантираме одлични забави. Да ја прославиме Новата година и празниците како најдобро знаеме и умееме.

Се гледаме“, напиша Стојне Николова пред да оди, а потоа го оправда тоа што го напиша.

Стојне Николова објавие едно видео како таа веело потскокнува, а околу неа нашинците ихграат ора во полна сала во Охајо.

Нејзиниот глас, стас, и секако интерпретација ја прават посебна и сакана кај нашинците во Америка.

Па така, судејќи по полната сала, сосема ја заслужила довербата со нејзниот настап за кој особено во дијаспората секогаш како што може да се види се бара место повеќе.

Претходна статијаАдријана Алачки ја покажа најважната личност во својот живот- емотивната посвета кажува се (ФОТО)
Следна статијаТелото боли, душата боли, а таа повторно се смешка- Еве како сега изгледа Маја Оџаклиевска и каква приказна сподели