Адријана Алачки ја покажа најважната личност во својот живот- емотивната посвета кажува се (ФОТО)

0

-Колку и да внимавам, сепак не можам да одолеам на превкусните македонски јадења“, има изјавено во едно интервју Адријана Алачки, нашата позната пејачка и гастрономски екперт.

-Готвам, пробувам, уживам и истражувам.Најважно е со своите сопствени постапки да ги инспирираме другите. Да работат повеќе, да учат повеќе, да создаваат повеќе, да ги почитуваат човековите вредности.

Тогаш сте успеале. А тој пат е доживотен“, изјавила Адријана која е позната по своето шоу „Вкусот на традицијата“ во едно интервју за Женски магазин.

– Првите 200 емисии беа направени по рецептите од македонскиот традиционален готвач. Многу ретко се случуваше нешто да не се погоди, но „Вкусот на традицијата“ е емисија посветена на домашното готвење и е од народот за народот.

Тоа верувам на сите им се случува, зависи од расположението, моменталното чувство и од други компоненти Готвењето за најмилите е љубов и ништо друго.

Но, веќе работите се менуваат, доаѓаат следните генерации кои стануваат подобри мајстори во кујната од мене, а тоа е мојот син Благоја, кој секојдневно ме збунува со преубавите вкусови што тој ги создава во кујната“, додала таа.

-Вкусот на традицијата“ од самиот почеток е поврзана со „Алфа телевизија“.

Снимени се многу емисии како рецепти на денот, а исто така и истражување на кујната на другите народи и презентација на македонската кујна…

Во Тајван, Австралија, Бразил, Америка, Турција, Словенија, Италија и Франција и Обединетите Арапски Емирати.

Тремата беше присутна само како доза на одговорност, но благодарение на долгогодишното искуство пред камерите, мојот режисер Христијан Јорданов – Кизо немаше никаков проблем во текот на првата емисија која беше вовед во проектот, а се снимаше во комплексот „Етно село Тимчевски“.

Адријана зборувала и за тоа зошто веќе не пее на фестивалите и нема редовни настапи:

– Со крајна почит кон македонската музика, се оградувам од фестивалските настапи, кои по мене се поле за докажување на младите надежни имиња.

Како последица на мојот престој во Емиратите се роди нова песна, која наскоро ќе ја промовираме, со сосема поинаква тема, македонско-арапска музика.

Сакаме да докажеме дека преку музиката воспоставуваме пријателски односи со другите народи“

Адријана во повеќе наврати има спомнато дека нејзината внука Јана ѝ е најважна личност во животот, а оваа слика, која е објавена на Фејс, кажува многу.

Се гледа дека Јана пораснала во прекрасно девојче, и дека многу личи на својата мајка Грациела, а гордата баба на Фејсбук напишала: Среќен роденден сонце мое, и објавила слика со Јана.

Јана наполнила осум години, а по тој повод, на адресата на Адријана- во коментари стасаа многу честитки и убави желби за внуката од ќерка ѝ Грациела и зетот Игор.

Претходна статијаСе огласи Марта, девојката на Стефан Лазаров по се што му се случи деновиве на познатиот јутјубер
Следна статијаАтмосфера која подига – еве зошто нашинците во Америка многу ја сакаат Стојне Николова (ВИДЕО)