Цеца кажа какви мажи ја привлекуваат: Мажи со стомаци и висок холестерол – немате шанса

0

Потекнува од малото српско село Житораѓа, а во етерот се појави во раните девеесетти години од минатиот век.

Слатката Светлана Величковиќ за кратко време успеа да ја заинтригира публиката од поранешните ЈУ простори, а вистинската слава ја доживеа по венчавката со Жељко Ражнатовиќ и издавањето на еден од нејзините најголеми хитови – „Београд“.

Најголемата балканска ѕвезда Светлана Ражнатовиќ – Цеца во документарната серија за нејзиниот живот „Цеца шоу“ откри дека го изгубила бебето пред венчавката со Жељко Ражнатовиќ Аркан.

– Јас и Жељко чекавме бебе пред да се венчаме. Свадбата ја закажавме во февруари, а пред тоа бев бремена. Во меѓувреме, за жал, го изгубив моето бебе – изјави Цеца во емисијата.

И покрај големата загуба, пејачката и нејзиниот упокоен сопруг решија да ги продолжат подготовките за венчавката:

„Се договоривме да не го поместуваме датумот на венчавката, па судбински кажавме „да“ кога планиравме, на 19 февруари 1995 година – рече таа.

Ова е првпат пејачката да раскажува дека чекала дете со Аркан пред Вељко и Анастасија.

Цеца во разговор со својата пријателка ги допрела ѝ мажите, кои многу ги интересира нејзиниот љубовен живот.

За љубовниот живот на фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ со години се шпекулира и нагаѓа, но никогаш не се знаело што ѝ се случува на пејачката на ова поле, освен кога беше во врска со Богдан.

Имено, врската на пејачката со Богдан беше во центарот на вниманието на јавноста, а Ражнатовиќ сега во разговор со својата пријателка, текстописецот Билјана Спасиќ отворено проговори за нејзиниот љубовен живот и дали има ново момче.

На изјавата на Билјана дека Цеца е сѐ уште млада за да има уште деца, познатата пејачка остана шокирана.

– Боже спаси ме Биљо, што ти е? Сега имам друга младост, тоа не ме интересира. Децата ми се големи, ги лулав, ги нишав, сама, сега можам само да уживам. Нема ништо со мене таму, мр тво море – искрено рекла Цеца.

Нејзината пријателка Биља тогаш изјавила дека видела многу убав дечко во Грција, алудирајќи на тоа дека можеби на Цеца ќе ѝ се допадне.

– Видов нешто интересно во Солун, но да ти покажам фотографија, ќе превртиш со очите – искоментирала Биља, на што Цеца одговорила:

– Боже чувај ме, по твој избор – се пошегува Цеца.

Тие двете потоа на емисијата продолжиле да се расправаат за нивните типови мажи.

– Како можеш да го кажеш тоа, и тие твоите вонземјани со плочки – рече Биља.

Цеца потоа јасно стави до знаење дека нејзиниот тип се мажи во добра физичка форма.

-Тоа е здравје, а оние твоите со стомаци полни со холестерол, тргни ми ги, мајко – изјави Цеца во новата епизода од серијалот „Цеца шоу“ што се емитува во петок во 22 часот на телевизија „Блиц“.

На крајот се согласиле да останат пријателки доживотно, бидејќи немаат ист тип на мажи.

Претходна статијаТрифун Костовски објави слика со брат му – неверојатно е колку си личат (ФОТО)
Следна статијаОва е Џемјс, зетот на Росана, еве какви зборови и упати на неговата Ивана (ФОТО)