Кристина се огласи јавно по венчавката на Даниел: Нашла крпа закрпа, секој да си го добие тоа што го заслужува

0

Во неколку наврати, нашиот познат пејач Даниел Кајмакоски има кажано дека е многу горд на своето семејство.

Неговиот татко, Павле Кајмакоски е исто така музички талентиран, и тој со својата хармоника има настапувано на многу свадби и веселби на нашинците во Австрија, каде Кајмакоски се преселени пред многу години.

Мајката на Даниел, сопругата на Пвле се вика Ружа, а Даниел за мајка си исто така има кажано дека му е голема поддршпка. Кога тој победи на Икс фактор во Белград, неговите дошле од Виена да го бодрат својот син.

Ружа е инаку учителка во градинка, и според сликите на нејзиниот Фејсбук профил, таа е многу весела жена и е активен член на забавите на македонските друштва во Австрија.

Повеќето слики и се со сопругот Павле, но и со веселото друштво кога правеле ѓезмиња и дружби со нашинците.

Нејзините три сина се голема нејзина гордост, Даниел инаку има уште двајца браќа, Далибор и Филип.

Кога Даниел од Австрија се врати во Македонија и почна да гради регионална кариера, Далибор остана во Австрија и има работено во компанија за транспорт и во ланец познати маркети.

Пред неколку години, од Виена, тој се преселил во Индијана, САД. Далибор му е голема поддршка на својот брат. Најмалиот нивен брат Филип, кој е 13 години помлад од Даниел и тој исто така многу си личи со своите браќа.

Филип се уште живее во Виена и се занимава со музика исто како и неговиот брат.

Филип на Инстаграм објавува кавери од познати екс-ју пејачи кои одлично ги пее, а објави и селфи со нивната мајка. Даниел е во моментов во Србија, Далибор во Америка, а Филип во Австрија.

Даниел изминатово лето објави неколку слики дека е на море, а на сликите можеше да се забележи дека е очигледно многу среќен и расположен.

Потоа, следуваше фотографија на која Даниел седи, а до него се гледаат женски нозе што може да значи дека пејачот повторно се заљубил и е во врска.

Потоа, ја покажа својата сакана, и објави слики со неа од Свети Наум со овие зборови:

– Преку 30 години го посетувам ова место и се уште е иста молитва и иста зелба како за мене и мојте најблиски, така и за сите луѓе на овој свет.

Господе дај ни здравје, мир, љубов и повејке време со оние кои најмногу ги сакаме.

Ви ја праќам сета љубов од ова свето место“, објави Кајмакоски. Потоа, Даниел се пофали дека девојка му му донела слатко кученце како изненадување.

Даниел Кајмакоски пред неколку недели повторно заплива во брачните води. Македонскиот пејач објави дека се ожени со својата девојка.

39-годишниот музичар сподели две фотографии, а на едната напиша „Штотуку венчани“. Даниел ја објави првата фотографија со новата љубов во септември 2022 година. „Ти си сè што некогаш посакував“.

Фала што секојдневно ме туркаш кон моите соништа“ и „Ајде да ја исполниме книгата со љубов и радост“ – се дел од пораките кои Даниел ги има напишано на нивните заеднички фотографии.

Според она што може да се види од коментарите по сликите кои Даниел ги објави од венчавката е дека тие се среќни заедно, и добиле многу честитки.

Кристина Димитри, познатата манекенка и пејачка со која која има син, неговата пораанешна сопруга се огласи по повод венчавката на Даниел, тоест даде изјава во Бекстејџ, и водителот во ова интервју ја праша:

-Да те прашам нешто искрено, се јавува ли, знае ли да праша како е, да купи играчка, тебе да те праша како си? На ова Кристина одговори:

-Па, единствено што можам да кажам а тоа е дека со него имам средба кога треба законски да се видам, и тоа е тоа“, одговори Кристина.

Потоа, следеше прашањето: Ќе му честиша ли, и на свадба можеби да му пееш, зошто да не? На ова Кристи на кажа:

-Србите имаат една добра изрека: Нашла крпа закрпу, мислам и секој треба да си го најде тоа што си го заслужува“, одговори Кристина.

Претходна статијаМногу си личат – Блага Петреска објави слика со својата гордост, ќерката (ФОТО)
Следна статијаСе огласи таткото на Калина Велевcка, планинарката која се упoкои пред пет години- ова е нејзината приказна