Македонската водителка која имаше блиска средба со Новак: Го чекав две години и кога добив одговор не верував во тоа…

0

Актуелниот број 1 тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ е роден во Белград, СФР Југославија на 22 мај 1987 година, од родителите Срѓан и Дијана Ѓоковиќ. Неговите двајца помлади браќа Ѓорѓе и Марко, исто така, се тенисери со професионални аспирации. Новак е оженет со Јелена Ристиќ.

Тој започнал да игра тенис на четиригодишна ворзаст, а на осумгодишна возраст бил забележан од југословенската тениска легенда Јелена Генчиќ, која за него изјавила: „Ова е најголемиот талент кој сум го видела од Моника Селеш“.

На возраст од 12 години, Новак поминал три месеци во тениската академија на Никола Пилиќ во Минхен, Германија, а на возраст од 14 години, започнала неговата меѓународна тениска кариера, победувајќи на европскиот шампионат во поединечна, дубл и тимска конкуренција.

Тој живее во Монте Карло, Монако. Ѓоковиќ е, исто така, познат по неговите хумористични имитации на неговите пријатели помеѓу играчите надвор од теренот.

Така, по неговата победа во 2007 година на УС Оупен во четвртфиналето над Карлос Моја, тој ја забавувал публиката, имитирајќи ги Рафаел Надал и Марија Шарапова.

Подоцна, тој направил и имитација на тенискиот великан Џон Мекинро, на УС Опен во 2009 година, кога одиграл краток натпревар со Мекинро, на големо задоволството на публиката. Поради неговиот добродушен карактер, тој го заработил прекарот „Џокер“, врз основа на неговото презиме и зборот „шегаџија“ (Joker).

Во една прилика, на Инстаграм профилот на Иво Јанкоски, кој е инаку наш многу познат менаџер и има работено со доста познати наши музички имиња и уметници и организирано доста забавни и културни настани, се појави интересна слика.

Имено, на сликата тој е со својата сопруга Надица Георгиевска за која се вели дека сметаат дека е една од најубавите жени во Македонија. Таа е денес посветена сопруга и мајка, а има успешна кариера зад себе како модел и манекенка.

Со Надица и со Јанкоски е Новак Ѓоковиќ, а сликани се во Монте Карло. „Драго ни е што го запознавме Новак Ѓоковиќ, најдобрио тенисер на планетава“, стои во описот на оваа фотографија.

Македонската водителка Сања Савеска сега го води популарното шоу „Брза кујна“ на ТВ Сител. Но, како што е познато таа претходно беше во ТВ 24 и ја имаше честа прва да направи интервју со Новак Ѓоковиќ. Сања на Фесјбук ја раскажа целата приказна поврзана со Новак.

-Сè е возможно, само верувајте и ќе успеете ! Среќна сум што ја имав можноста да го запознаам и направам првото негово интервју за македонска телевизија и тоа во екот на неговата кариера.

Го чекав интервјуто две години, и кога ја добив поканата да го снимам, седев пред компјутер и не верував во тоа што го читам , мислев никогаш нема да ми одговорат, помина многу време…

Никој не ми веруваше, ми се потсмевнуваа на мојата идеја да му побарам интервју…но на крајот јас се насмевнав од среќа што ми се исполни желбата и што остварив и јас еден свој сон, интервју со најдобриот.

Нескршлив, челичен, истраен и гладен за уште победи . Уште од првиот момент остава впечаток на нормален и скромен дечко, доказ дека вистинските и најголеми ѕвезди се секогаш најнормални.

Фала ти Ноле за секој убав збор и те чекаме уште да го исполниш ветувањето и да дојдеш во Македонија . Davis Cup 2015, Краљево,Србија“, напишала Сања.

Претходна статијаОва е мајката на Cузана Гавазова, ќеpката ѝ упати емотивна порака- еве колку пејачката личи на неа (ФОТО)
Следна статијаДоколку ги купувате овие автомобили, голема е веројатноста да налетате на вратена километража