Ова е мајката на Cузана Гавазова, ќеpката ѝ упати емотивна порака- еве колку пејачката личи на неа (ФОТО)

0

Сузана Гавазова во последно време на ѕвезденото небо се истакнува и со своите специфични модни комбинации, а не ретко објавува и фотографии на кои покрај оскудните изданија, можеме да ја видиме и во костими за капење.

Гавазова важи за една од најзгодните фолк пејачки во Македонија, а на социјалните мрежи редовно привлекува внимание со своите фотографии.

Инаку, Гавазова важи за пејачка која не е премногу загрижена за она што другите ќе кажат за неа.

Сузана е посветена и грижлива мајка на двете ќерки Емили и Селена кои ги има со сопругот Јасмин кој е по потекло од Босна а заедно живееја во Шведска.

И покрај благодетите кои ги нуди оваа скандинавска земја, тие решија да се вратат во Македонија..

Во една прилика, тие а објавија и зошто, луѓето, убавата клима и онаа позната дома си е дома ги врати во родниот крај на Сузе.

Гавазова под левата клучна коска ги има истетовирано зборовите „Љубов, надеж, верба“, но на италијански јазик.

Како што своевремено самата откри за медиумите, оваа тетоважа ја има направено со надеж и верба дека еден ден ќе го најде својот животен сопатник, што набргу и се случи.

Покрај оваа тетоважа таа имаше и една во форма на око, која пред извесен период ја покри со друга. Пејачката има тетоважа и на својата „позадина“ – нејзиниот хороскопски знак, стрелец.

– Јас од моите колешки се разликувам по песните, по духот… секоја од секоја се разликуваме, неможе да сме исти се разбира“, кажала Сузе во едно интервју за Музика 24, а во интервју за Точка, таа изјавила:

-Порано пеев повеќе фолк песни, ново компонирани фолк песни по фестивали, а сега повеќе модерен фолк или поп фолк, како што пеат во Бугарија и Србија и ќе кажам дека тоа е најактуелна и најбарана музика во денешно време.

Се сметам за популарна бидејќи насекаде кога одам низ Македонија ме застануваат луѓето, па сакаат да се фотографираат… Тоа секако дека ми одговара и се сметам за популарна.

-Најпопуларна се почувствував во 1998 година кога заедно со групата „Пицикато“ настапивме првпат на „ФОЛК ФЕСТ“ Валандово и веќе во Струмица сите ме знаеа, но како Сузана Пицикато.

На фолк сцената не ми се допаѓа тоа кога се отвори телевизијата БУМ, се пуштаа пејачи кои не ја работат таа работа како што треба, не ставаа во ист „кош“ со недокажани музички имиња.

Еден добар пејач треба да поседува и добар глас, а мислам дека најголемото оружје е добрата песна. Јас сум задоволна од мојата работа, задоволна какви песни сум избрала, и сите песни се одлично прифатени од страна на публиката и се големи хитови.

Имало бакшиш многу, но тоа не се однесува само за мене, туку за целата група и кога ќе се подели – пак е малку.

Па ајде да кажеме, ако ме прашувате за најголем бакшиш би го посочила настапот во 1999 година со групата „Пицикато“.

Имавме гости од Турција кои не почестија со 2500 германски марки. И во Австралија можам да се пофалам со добри бакшиши“, рекла Сузана во интервју за Точка.

А вчера мајката на Сузе која се вика Руса, славела роденден, и тоа не било кој туку јубилејниот 70-ти. И по тој повод гордата ќерка објавила стори со мајка и, како ги дува роденденските свеќички.

-Среќен роденден мајко моја, да си ни жива и здрава“, напишала Сузе до оваа слика за својата мајка, и очигледно е дека Сузе навистина личи на Руса, со која многу се гордее.

Претходна статијаСе огласи таткото на Калина Велевcка, планинарката која се упoкои пред пет години- ова е нејзината приказна
Следна статијаМакедонската водителка која имаше блиска средба со Новак: Го чекав две години и кога добив одговор не верував во тоа…