Лазаров отиде кај Тале од Велес: „Велеше дека немаш жена, еве ја жена ти – ќе ги вратиш ли парите на луѓето кои ти донираа“ (ВИДЕО)

0

Јавноста деновиве, беше изненадена, по објавата на некогашната позната водителка Миа Костова, дека парите кои се собирале за Тале од Велес, всушност тој и не требал да ги бара, бидејќи пред неколку години добил бинго, но и живеел поинаку од она што било преставено.

Во меѓувреме се огласи и сестрата на Тале, која застана на страна на јавноста, против својот брат, и изнесе детаљи од неговиот живот, кои одат во прилог на неговото лошо однесување кон сопругата и семејството.

Јутјуберот Стефан Лазаров денес отиде во куќата на Тале во Велес. Лазаров го поздрави Тале кога се сретна со него и му ги упати следните зборови:

-Јас дојдов добронамерно, новинарски. Нели секогаш е убаво да ја чуеме и другата страна. Ти вчера ми кажа дека ништо од ова не е како што изгледа и јас дојдов да си направиме ферски муабет, може да седнеме да си направиме муабет, му рече Лазаров.

Во Велес, во куќата на Тале, Лазаров ја затекна и сопругата на Тале која и самата се огласи.

„Со кое право вие барате пари со измама од луѓето? Зошто ги користите децата како жив ѕид? Гледаме дека твојата сопруга е сепак тука.

Дали сметаш дека оваа ситуација е измама, како прво си здрав и прав. Фала му на Господ и никогаш да не осетиш мака на тоа поле. Дали тоа значи дека ти можеш да работиш и да заработуваш пари?

Дали со својата жена ти живееш моментално заедно и дали си живеел во октомври?“ – го праша Лазаров, на што Тале ја започна својата приказна:

-Моментално да, во октомври или ноември кога беше снимана емисијата не. Од септември, па до крајот на декември, горе-доле, не беше мојата сопруга тука. Ги посетуваше децата одвреме, навреме, на два до три дена.

Кога јас ѝ кажав емисија дека ќе има, која јас ѝ кажав дека децата се објавени на „Срце на дланка“, сето тоа малце го подразбра.

Кога би те притиснала ситуацијата од сето ова минато што си го имал и кога би останал сам и кога две деца гледаш и кога немаш родител, мајка, баба или сестра или било кој да ти ги почува децата на два до три саати, за да можеш да излезеш да работиш, да придонесеш за тоа дете.

Во тој период кога емисијата е снимена, жена не постои тука. Тука нема измама, да јас сум ја испратил не знам каде во Лондон или на одмор. Па, јас да си ги омаловажувам децата пред екраните, за јас да соберам донации. Значи жена во тој период нема, јас сум во тој период сам.

Потоа се појави жената на Тале и призна дека само еднаш ја уд -рил поради другарите кога не сакала да излезе со него, но повеќе тоа не се случило.

-Ако веќе не ве те па и не прави ништо лошо, зошто ја напуштате куќата и ги оставате вашите две мали деца сами? – ја праша Лазаров, сопругата на Тале.

-Значи, за кавга ја напуштив куќата. За таа кавга ме нема физички на паднато. Не е точно. За расправија ја напуштив куќата, рече сопругата на Тале, а потоа Тале продолжи што направил со сумата од 20.000 евра која ја добил од донации:

-Како можам јас да ги искоцкам сите тие пари? Кога секој човек во животот има минато, дали одел во Спорт лајф, да не ги споменувам казината, без разлика. Во животот секој греши.

Не можам да иск оцкам јас од тие 20.000 евра. Не можеш да ме наречеш коц кар.

-Со 20.000 евра можеш да затвориш многу дупки, да си најдеш работа, да се средиш со жена ти, продолжи Лазаров, а Тале му се спротивстави и рече:

-Дали ти мислиш дека тоа се случило ден, два криза и пропаст? Поентата ми е, не можеш ти да го доживееш животот за ден да пропаднеш или за ден да се кренеш.

Добро е да ме прашаш ти мене, дали сум добил лотарија, но дали луѓето што добиваат по милијарди остануваат луѓе за вечно, рече Тале, а Лазаров му рече дека ова нема поента.

-Кога јас работев за 500 денари дневница, кога жената работеше за 500 денари дневница. Кога ние осетивме дека можеме да направиме сѐ. Се базиравме на тоа дека сѐ е океј.

Но, не може да биде сѐ океј со некои 20.000 евра бидејќи има и даноци, 5-16 илјади евра.

Кога тебе кровот ќе ти биде паднат и кога ќе ти тече и кога ти ќе немаш средства. Кров сменет, прозорец тука имаше стар кој што дуваше, 8000 денари е тој прозорец, а тој надвор 9000.

Потоа Тале го покажа тоалетот, за кој Лазаров рече дека со првите пари секој прво би го средил тоалетот, како основна потреба:

-Само материјалите коштаат 700 евра кои што сум ги купил пред 4 години и плочките.

За што да се каам? Јас не можам да се покајам во сето ова затоа што сум ги објавил моите сопствени деца на телевизија. А јас не гледам никаква измама. Каде има најава дека јас негде сум побарал пари?

Дали во оваа држава каде што живеат милион и петстотини, дали се сите исправни? Вие се закачивте за Тале, заврши Тале.

 

Претходна статијаНе се срами од своите корени: Драгана Мирковиќ пораснала во оваа куќа во Касидол, гордо ја покажува дури и шталата во дворот! (ФОТО)
Следна статијаСе сеќавате ли на Пепита, лото водителката – уште е згодна, еве како изгледа и што работи