Криcтина за Гоце Аpнаудов: Не знаев како е да живееш со таткo

0

Нашата позмата пејачка Кристина Арнаудова веќе неколку години раководи со здружението „Проект среќа“ кое им помага на социјално ранливите категории, најмногу на децата.

Нејзин многу успешен проект беше „Проект куќа со Кристина“ во кој Кристина, заедно со нејзиниот тим реновираше 36 домови, а сето тоа го гледаа гледачите на „Телма“ телевизија.

Познато е дека Кристина е ќерка на познатиот пејач, легендата Гоце Арнаудов. Оваа година во декември ќе се навршат десет години откако тој не е меѓу нас.

“Легендите живеат засекогаш”, напиша Кристина Арнаудова за својот упокоен татко, фолк-пејачот Гоце Арнаудов, кога се навршија точно седум години откако засекогаш си замина познатиот пејач.

На 52 години, тој ја загуби неколкугодишната борба со канц-ерот. Во неколку интервјуа, Арнаудов раскажа дека се лекувал со алтернативна медицина за која веруваше дека ќе му помогне.

Неговата ќерка Кристина, иако медиумите објавија дека долги години не биле во добри односи, често изјавуваше дека татко и е најдобар пејач во својата бранша.

Кога Гоце го напушти овој свет, Кристина рече дека жали што никогаш не го снимиле дуетот за кој долго се договарале. Таа на својата официјална Фејсбук страница го спомена татко си.

Поводот се песните од Гоце кои ечеа во Букурешт, како поддршка на нашите репрезентативци на ЕП во фудбал минатата година.

Од звучникот на Елиф Елмаз се слушаше песната од гоце „Ќе пијам ќе лупмувам“, а оваа снимка се сподели на Твитер, по што Кристина напиша:

– Можеби физички не е со нас, веќе долго, но секогаш е со СИТЕ НАС, во сите нас, и во срцата на сите Македонци, без оглед на националноста! Срцето е големо, Македонско! Ве сакам момци! Фала ви за емоцииве денес, за солзите…. За се!!!“.

Кристина во едно интервју за Репортер ја раскажа својката семејна приказна:

– Мајка ми ме родила многу многу млада, тоа се случило, и бидејќи таа веќе била спремна да замине на факултет во тој момент, баба ми и дедо ми не биле во тој момент за таа да чува дете, но таа не сакала да се откаже од мене и се запишала на факултет, и го заврши тогаш факултетот и сега мајка ми е електро-инженер.

Во тој период додека мајка ми студираше ме чуваа баба ми и дедо ми, и тие се клучни фигури во мојот живот“, рече Кристина за своите баба и дедо кои се жал упокоени.

Потоа, новинарката ја праша за татко ѝ , популариот пејач Гоце Арнаудов, за тоа кога за првпат дознала дека тој ѝ е татко.

-Јас вакви работи одбегнувам да зборувам, особено зашто тој веќе не е меѓу нас, но првпат дознав кога бев петто одделение.

Четврто или петто оддление бев кога дознав дека татко ми е пејач, тој во тоа време не живееше во Македонија, живееше во Србија. И тогаш мајка ми веќе сметала дека е време, дека ќе разберам веќе се, бидејќи јас често прашував.

Бидејќи децата околу мене ме прашуваа: Како може да немаш татко. На таа возраст сфатив, а тогаш веќе кај мене беше многу изразена желбата за пеење. И веројатно тоа можеби ја поттикнало мајка ми да ми каже.

Мене не ми недостасуваше, бидејќи јас не знаев како е никогаш да се живее со татко, така да не ми фалеше ништо. И дедо ми, и баба ми и мајка ми се трудеа, од овој аспект веќе знам дека се трудеа да ми го компензираат тоа.

Ми фалеше од аспект на тоа дека сите други деца имаа комплетни семејства, и во мал град те гледаат чудно, децата се такви, знаат да кажат, да те прашуваат…

Ама јас мислам дека многу добро се носев со тоа. Не ми несостасуваше никогаш, и благодарам што мајка ми успеа да компензира за се“, рече Кристина во ова интервју.

Претходна статијаРозета Арсова сподели многу интересна приказна за својата ќерка Цаци од Сител
Следна статијаДрагица Стевковска -Дракче: Мене не ми се радувале кога сум се pодила – објасни и зошто