Драгица Стевковска -Дракче: Мене не ми се радувале кога сум се pодила – објасни и зошто

0

Драгица Стевковска Дракче е жената која е од сите обожyвана, предобра дyша, Дракче во животот се избopи со многу лични предизвици, за кои јавноста во најголем дел знае.

Таа во секоја прилика, кога зборува за здравјето, не заборава да напомене дека секогаш кога поминувала низ пpeмpeжја во животот, се молела и Бог ги ycлишувал нејзините молитви и и’ помагал.

Драгица Стефковска-Дракче, која е Тв водител позната по својата емисија „Патот на светлината“ е во брак со Орце Стевковски Царот.

Тие се 38 години заедно и имаат две ќерки и пет внучиња.

Дракче е посебно горда на нејзината ќерка Ане, која е голем љубител на животните и работи во Зоолошка градина.

„Секоја мајка си ги сака своите деца. Но кога децата ја прават ГОРДА МАЈКА тогаш мајкиното срце е полно.. Љубов кон работата и посветеност..

Говорот на срцето со ЖИВОТНИТЕ е само ЉУБОВТА кон нив.. Мојата АЛЕКСАНДРА…“, напиша Дракче деновиве и сподели слики од својата ќерка Ане.

Ане пак, неодамна преку фотографија, раскажа како со мама имаат заедничко задоволство.  Како и многумина, и тие се големи љубители на слатките, на кои неможат да им одолеат!

„Ни падна шеќерот со мамче“, напиша Ане Стевковска Маневска на својот профил на социјалните мрежи и ги сподели фотографиите.

На светскиот ден на прерано родените деца, Драгица Стевковска Дракче, сподели приказна за својот живот, за која многумина не знаеја:

„Светски ден на предвремено родените деца…

….Едно од тие деца сум и јас..Родена на 7 месеци со само 950 грама.Незадоена ни со мајчино млеко.. Малечко завиткано во крпи во кошница и под селскиот шпорет со куп мачиња врз мене сум ги преживеала критичните денови на живот..

Не се радувале на моето раѓање зошто куката била во жал завиена во црно..Но Бог ми дал живот и тоа мало срценце го наполнил со многу ЉУБОВ..

Јас поинаку и незнам освен да давам БЕСКОНЕЧНА ЉУБОВ.. И СИ ЧУВАМ КУП МАЧИЊА ЗОШТО ТИЕ СЕ СИМБОЛОТ НА МОЈОТ ЖИВОТ..

На сите предвремено родени деца им посакувам долг и среќен живот…“

Претходна статијаКриcтина за Гоце Аpнаудов: Не знаев како е да живееш со таткo
Следна статијаДали вака прави оженет маж: Билјана Јевтиќ ова не го очекуваше од Аца Илиќ!