Блазе си му на Максо градоначалникот на Куманово – вистинска лепотица си има по дома (ФОТО)

0

Пошироката јавност за Надица, сопругата на градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, ја запознава од социјалните мрежи.

Од почеток помалку срамежлива, но во суштина комуникативна, отворена и пристапна за секого. Одлично се носи со своите животни „улоги“ пред се како пријател, наставник, мајка, но и сопруга на градоначалникот.

-Надица, како и секоја модерна жена имам повеќе „капи“ кои ги носам.

Растена во своето родно Куманово, својот печат го имам оставено во повеќе организации од невладиниот сектор во кои членував и делував за време на своите студии, но и по нив.

Пренесувањето на знаењето и љубовта кон едукацијата ги практикував и низ волонтирањето и работата во хуманитарното здружение ,,Мајка,, од Куманово, на чии проекти работев во еманципација на жените од руралните средини, и на мултикултурни проекти со децата од македонска, албанска и ромска популација.

А желбата за дружба со најмалите го надополнував и со волонтирањето и во Здружението за неформално образование „Триаголник“.

Но својата доедукација ја продолжував и сеуште ја продолжувам и во текот на мојата работа.

Втората „капа“ е бракот со сопругот Максим Димитриевски, градоначалник на Општина Куманово.

20 годишен брак исполнет со љубов, почитување, слога и пред се разговор, во кои се и трите прекрасни деца Милан, Вероника, Димитар“, изјавила таа во Женски магазин.

– Пораснав со табла и креда во детските другарувања во улога на наставничката. Тоа беше мојата желба од мали нозе, да учам, едуцирам, советувам и пренесувам. И таа желба продолжува низ моето веќе петнаесет годишното искуство.

Големата љубов кон децата но и желбата на вистински начин да го доближам секој материјал и љубовта кон учењето на најмалитеми дава поттик покрај редовната програма да изнајдам и креативни начини како тоа да го спроведам.

Модерното време, а со тоа и самите деца, кои растат во него не „тера“ да креираме пред се подобра комуникација со своите соученици, а потоа и неформално доближување до самиот простор или тематика и материја.

Како успешни работилници би ги издвоилакреативната работилница во библиотеката „Тане Георгиевски“ во Куманово, поддршка на соучесник во музички фестивал и натпревар, маскирање на цело одделение, посета на подрачно училиште на ООУ „Кочо Рацин“ и подарување на подароци на нашите другарчиња под една порака „од деца за деца“ и останати.

Со мојот сопруг сме заедно повеќе од дваесет и пет години, голема љубов, заеднички предизвици, убави моменти и искушенија. Млади влеговме во политичките води, тој напредуваше и се надградуваше чекор по чекор, а јас секогаш бев и ќе бидам негова поддршка“, изјавила Надица.

Во една прилика, на Тв Сител, кумановскиот градоначаник кој инаку знае да сподели детали од приватниот живот, зборуваше дека сопругата најмногу го поддржала кога решил да влезе во политиката.

Димитриевски зборуваше дека имал среќно детство во Куманово, и дека со другарите од маалото играл кошарка, жмурка, џамија, крива магарица и кога биле Олимписките игри во Сараево, формирале тим кој се викал Вучко.

-Можеби тоа динамично детство придонесе денес да се изградам во таква личност и да се однесувам така со моите граѓани, и ги споделувам нивните чувства.

Бев палав, но тоа беше се дел од тогашниот составен живот, и нашите деца го немаат тоа“.

-Јас сум горд што потекнувам од работничко семејство, потекнувам од големо семејство. Баба ми е ден-денеска жива има 94 години. Има 13 внуци, 12 правнуци. Живееме во семејна куќа која буквално се градеше целиот наш живот.

„Главната поддршка доаѓаше од мојата сопруга која се вика Надица, таа е учителка по професија, работи над 15-години.

Имаме три деца, најстариот син е 21 година, ќерка ми уште малку ќе биде полнолетна 18, а најмалиот син е 14 години. Првично, најпотребна е поддршката од брачниот партнер, а потоа и од семејството.

Јас живеам во семејна заедница со моите родители, во истиот тој семен дом. Јас сум горе на спрат. Еве веќе доаѓа време кога децата си го бараат своето, па можеби ќе се одделиме, ќе излеземе во ново живеалиште, но како и да е, тие одлуки се семејни“, рече тој.

Истакна дека во моментов е преокупиран со хортикултура, и има викендичка која ја средуваат со сопругата, а главното хоби му се ловот и планината и рече дека сега нема врејме за спортување и многу ја сака атлетиката, а теретаната никогаш не ја сакал.

-Многупати велам, усисивачот е мојата алатка дома. Мојот де е тоа и перењето теписи“, рече Максим. „Мојата жена е жена змеј. Таа постигнува се“, рече градоначалникот.

А Надица објавила нова слика на Фејсбук на која изгледа одлично, ептен е разубавена, и се гледа дека освен грижата за изгледот,таа е внатрешно среќна и исполнета жена, што секако влијае и на убавината.

Претходна статијаМими од „Ѕвезде Гранда“ раскажа што најчесто прави со сопругот Нуне
Следна статијаНа денешната одлука на Основното јавно обвинителство веднаш реагираше Жан Митрев – Еве што им порача!