Татко и син од Дојран го прават овој чудесен чај кој лекува дијабетес и бубрежни заболувања – луѓе од целиот Балкан го купуваат од нив

0

Ангел Попов од Дојран или дедо Ангел како што го викаат дојранчани, е навидум обичен човек од овој наш град на југот со медитеранска клима. Но, ако се спомене чајот на дедо Ангел веќе се развива друга приказна. Тој прави чај од маслинка, за кој има изјавено дека лечи од повеќе болести, а најмногу дијабетес.




Ангел Попов за себе вели дека со години бил дијабетичар и редовно примал инсулинска терапија. Но, откако почнал да го пие чајот од маслинки за една година сосема го исфрлил инсулинот. Прво почнал да ја намалува дозата а потоа целосно го исфрлил.

Според Ангел чајот од маслинки лекува 22 болеcти, со чија помош и самиот ја излекувал својата болеcт, објави порталот НМД.мк уште пред две години.




Приказната за семејниот бизнис на Ангел започнала пред дваесет години, кога синот Бранко му рекол дека треба да одгледуваат маслинки. „Ќе видиш, ќе дојде време кога луѓето ќе бараат, чист еколошки производ кој и ќе биде вкусен, и ќе лечи, ми зборуваше синот, и беше во право“, има изјавено Ангел во Женски магазин.

-Ова е чиста, еколошка, домашна маслинка. Чајот од неа лечи шеќер, камен во бубрег, холестерол, алцхајмерова болест. Лично јас сум дијабетичар и бев со години на инс улин. Откако почнав редовно да го пијам чајот, за една година сосема го исфрлив. Отидов на редовен лекарски преглед и докторот се зачуди. Шеќерот ми беше во сосема нормални граници.




Почнав прво да ги намалувам единиците на инсулин, а потоа сосема го прекинав. Сега, шеќерот го регулирам само со апчиња и со чајот, се разбира. Го правам од маслинка која е од сортата наречена Халкидики. Се прави од гранката која не е прскана, и се остава да се суши во темна просторија 40 дена, на максимум 25 степени.“, ни раскажа Ангел.




Кај него, доаѓале и луѓе кои боледуваат од многу други болести и особено му е мило кога по втор пат ќе се вратат и ќе му речат дека неговиот прозивод има ефект. Наијнтересна е приказната за професорот од Србија кој поминал низ Дојран на пат накај Грција.

„Човекот имаше проблеми со уринарните патишта и му го препорачав мојот чај. По летувањето од Грција, тој поторно се врати во Дојран. Ми рече дека се чуствува многу подобро и купи уште. Сега редовно му праќам по пошта“, вели Попов и додава дека има и други редовни купувачи од Србија. Инаку, главниот бизнс со чајот го води Бранко Попов, синот на дедо Ангел.




Откако некои медиуми мојот број на вашата фејсбук страница, телефонот постојано ми ѕвони. Чајот ми го нарачуваат луѓе од цела Македонија и веќе ни снемуваат залихи – има изјавено Бранко Попов.

-Чајот од листот од маслинка го правиме повеќе од десет години. Откако татко ми стана познат по него, го патентиравме во „Чајот на дедо Ангел“.




Јас лично го пијам редовно околу четири години. Порано, често имав проблеми со бакте риски инфекции и вируси, а откако го пијам чајот, да чукнам во дрво се немам разболено. Луѓето го купуваат најмногу како лек за шеќер, но тој лечи уште 22 други болести.




Не се плашам од кор она, верувам дека чајот ме штити, делува превентивно и против неа. Сосема ѝ верувам на познатата турска докторка Џана Каратај, која на најдобар начин објаснува зошто е здрав чајот од листот од маслинка“, ни раскажа Бранко Попов. Маслиновиот лист е ефикасен во заштитата на здравјето на срцето со неговата состојка наречена OLEUROPEİN.




Но, на истата тезга каде што се продава чајот има и домашни слатка, ама и паштети од маслинка, а ММС неодамна има објавено за новиот бизнис на Бранко, кој ако подобро го погледнете, ќе сфатите дека е истиот Бранко кој го продава чајот. Станува збор за традиционално сварено домашно кафе.




Има специјален вид на кафе кое што се подготвува на овој начин. Кафето е донесено во Дојран во стариот град, трет во Македонија. Прво во Солун, па во Кукуш, па во Дојран. Од секаде доаѓале луѓе да пијат кафе во Дојран. За дојранското кафе се велело: „Кафе донесено од далеку, петел да застане на него, кога го пијам, убаво ми е на душата“, раскажува Бранко.




„Алатките за подготовка на оваа кафе подготвено на древен начин, ги нема кај нас, тука нема кој да ги прави. Сите алатки се донесени од Турција,“ додава нашиот соговорник.

Има специјална лажица, или како што тој ја нарекува бркалка за кафето коешто е готово кога одозгора почне да белее. Додека се вари, џезвето постојано се „шета“ по песокот околу десетина пати. На тој начин кафето било уште повкусно“, изјавил Попов за ММС.




Претходна статијаПоследната песна на Марина Туцаковиќ е многу тажна, го открива животот на една од најпознатите пејачки, но и нејзиниот
Следна статијаГезме, свирка, вино на нивата, Коки и Влaтко Стефановски уживаат на село (ФОТО)