Гезме, свирка, вино на нивата, Коки и Влaтко Стефановски уживаат на село (ФОТО)

0

„За верата и за црквите можам да зборувам многу. Јас лично од 2007 година се дружам со Библијата и сѐ уште ја проучувам и учам од словото Божјо“, има изјавено во едно интервју музичарот Коки Јанков, познатиот виолинист.




Верувам во Бог зошто без него не можеме да направиме ништо. Ја барам неговата мудруст. Нашите патишта со неговите патишта, обично се различни. Во еден пример во Библијата, Исус им одговара вака: „Тоа што е на властите, дајте им го, тоа што е за Бог, дајте му го нему“. Мерката за тоа кој колку голем верник е, ќе ја видиме кога ќе заврши овој живот“, рече Коки.




Тој се појавил на фестивалот Макфест по долго време, во градот во које е роден, а тоа е Штип, и изјави дека настапул за атар на неговиот другар Дуле, кој го напушти овој свет во 2013 година, а Коки лани му напиша емотивно писмо на Фејсбук.




-Поминаа 25 години од „Виолина и гитара“. Тоа беше во 2006 година.. Затоа и сакав да се појавам на некој начин поради Дуле, ја доделив и наградата за дебитант која носи наслов по Душан Љубисављевиќ“, изјави Коки.

Пред две години, Естрадниот магазин „Бекстејџ“ објави дека музичарот Коки Јанков се разведува и од неговата втора сопруга, адвоката Маја Парговска.




Наводно, Коки откако се развел од Росана, се оженил вторпат со старо – новата девојка Маја, со која бил пред Росана, но наводоно и тој брак „пукнал“, а во моментов во тек била бракоразводната постапка.

Коки за својот убовен живот мудрно си молчи и ресди суепеси со музиката, а се дружи и со Влатко Стефановски.




-Ова е многу тешко и за таа кариера од тука треба многу среќа, многу упорност и доста професионализам. Треба човек да научи нормално да комуницира со остатокот од светот. Јас сабајле станувам, свирам малку гитара и потоа долго одговарам на тие пораки што ме очекуваат да бидат одговорени. Не можеш да бидеш несериозен кон луѓето што имаат очекувања кон тебе.




И мораш да одговориш на датуми, на понуди, на проекти, на разни предлози… Мораш да бидеш прецизен во комуникацијата, а тоа подразбира да си професионалец. А, второ – човек има многу опции. Можеш да одиш во манастир и да се посветиш на духовен живот. Можеш да одиш во Лас Вегас и да ги потрошиш сите пари на автомати за коцкање.




А можеш да бидеш и некаде тука на средина – меѓу манастир и Лас Вегас, кадешто се наоѓам јас. Човек, ако се повлече од работата, ако влезе во некоја мистична фаза, да речам, тоа значи дека пресериозно го сфатил животот. А толку сериозно сфаќање на животот и не е добро.




Овде сме сите привремено, и секој со својот крст. Колку што на човека му е дадено, толку ќе тера. Колку што има сила, толку ќе тера. Сум размислувал за разни опции. И за осама, за повлекување… и за големо друштво. И осама и голема забава – тука некаде е моето место. Конзумирам и осама, а не ми е туѓо да отидам и во поголемо друштво.




Во мојот случај, јас како што го разбирам светот, човек треба да живее во некаков дијалектички баланс помеѓу празнина и исполнетост. Помеѓу осама и големо друштво. Јас го барам средниот пат. Сум имал искушенија во животот да одам во некакви екстреми, ама тоа не е мојот стил. Преголемо задоволство сум нашол во музиката.




Голема сатисфакција… и лек… и спас од разни ситуации сум наоѓал во музиката за сега да ја напуштам. Нема потреба. Јас сè уште барам нешто во неа. Сè уште трагам по некакви решенија.




Музички. Емоционални. Барам одговори на моите прашања. Дел од нив ги одговарам преку музика. А на дел од нив нема никогаш да најдам одговор“, изјави Влатко во едно интервју за „Блесок“.

На Фејсбук, Коки објави слика најверојатно од неговиот штипски крај и напиша дека со Влатко и со Ивица Јорданов, кој е исто така музичар се на нивата. А пред нив, гезме, скара, вино, гитари. Необична гчетка и интересна спојка на ова студено време. Браво за оваа весела дружина, и останува да видиме што се „крчка“ и кој ќе биде еипологот.

Претходна статијаТатко и син од Дојран го прават овој чудесен чај кој лекува дијабетес и бубрежни заболувања – луѓе од целиот Балкан го купуваат од нив
Следна статијаСе упокои познатиот новинар од Штип, неговото име е многу значајно за многу наши познати пејачи