Колку си убава Ане: Познатата македонска водителка објави слики од кои многумина се најдоа зачудени (ФОТО)

0

-Обично соништата за животна професија се јавуваат рано… Па, така и јас како дете мечтаев да бидам докторка, учителка, стјуардеса. Никогаш не се гледав со амперметар в рака.




Но, како што рекол Џон Ленон: „Животот е тоа што ти се случува додека ти го планираш“, мене ми се случи да ми одат од рака природните науки, за тоа да биде доволен предизвик, средното образование да го завршам во УСО „Орце Николов“ (насочена настава, во тоа време), а по средното електротехничко училиште некако се подразбираше своето образование да го продолжам на еден од техничките факултети…




Во време со поинаков вредносен систем беше предизвик да го одбереш најтешкиот, најсложениот, најдолгиот факултет. Девет семестри, педесет и два испита, плус дипломска работа за многумина беше мотив, а не паника – изјави познатата новинарка и водител Анета Андонова за fakulteti.mk




Анета Андонова е лице кое сите го знаеме. Таа својата долгогоишна Тв кариера ја започна во емисијата „Пулсирања“ на Македонската телевизија, и се уште дел од луѓето ја викаат според прекарот Анета- Пулси квиз.




Во Македонската радио и телевизија 1, таа е уредник на образовната програма. На социјалните мрежи, ведра и насмеана жена која споделува убави фотографии од убави патувања. Ја смирува Охрид, а неостварен сон и е да ја посети Јужна Америка. Анета е често ќе ја сретнете на кејот Вардар, и истрча уште еден Скопски маратон.

– Пулси квизот беше само сегмент од ПУЛСИРАЊА – емисија од младите, за младите. Саботната, матине шема не беше кафуле, туку ТВ приемникот. 10.00- и време е за Пулсирања. Широк спектар на ТВ консументи опфати, оваа емисија. Логично,некако е прво да им се обратиш на учениците, а потоа на младинците.




Пулси квизот се разви во полигон за натпревар на учениците па со тек на време се одвои како посебен проект. На прашањето- КОЛКУ ГОДИНИ? – одговарам МНОГУ, затоа што ниту еден друг проект, освен информативните емисии (вести, утринска програма, актуелности) не се задржале толку на медиумската сцена.

Теоретичарите кои ја дефинираат телевизијата како медиум велат: „Телевизиската програма треба да едуцира, информира и забавува“- и тоа по тој редослед. Тоа значи дека сите проекти коишто следуваа, беа дел од образовната програма.




Во тој контекст, би ги апострофирала авторските проекти „Патот на струјата“, „Ало“, „Имате грешка“, „100 прашалници- 100 одговори“, „Необична лабораторија“ и многу други. Во еден момент бев дел и од забавната редакција, па дури бев и дел како Шеф на прес и како Шеф на делегација на најпопуларната музичка манифестација „Евросонг“.




-Во еден момент и медиумската сцена, а и јас, лично почувствувавме презаситеност. Работев на многу проекти, но зад сцената.Таквата работа дава неверојатна можност за развој на креативноста и на другите способности. Си реков–тоа е она вистинското!“, изјави Анета во едно интервју за Женски магазин и додаде:

– Петре М.Андреевски во Последните селани вели: „Ќе си земеш убав човек со голема сенка, насекаде свртен .Од која страна да го погледнеш, оттаму да му се гледа лицето“.




Сакам во мојот радиус да се движат убави (и физички и духовно, се разбира) луѓе, полни со живот, со дух, млади и умни. Само така има размена на енергија и само така човек го одржува духот. Сите ние сме на некој начин Петар Пан. Не давам да го уништат детето во мене.“




Анета е се уште иста според сликите на кои многумина коментираат на социјалните мрежи. Андонова има споделено слики од дискусијата „Жените во медиумите“ на која таа зборувала, а коментарите под сликите имаат само пофални зборови дека таа одлично изгледа.

Претходна статијаПознатиот битолски пејач влегува во политика, детално објасни која „мака“ го натерала (ФОТО)
Следна статијаЕве како познатиот наш музичар се подготви за денот која кесите во маркетите ќе бидат 15 денари (ФОТО)