Познатиот битолски пејач влегува во политика, детално објасни која „мака“ го натерала (ФОТО)

0

И пејачот Димитар Андоновски од Битола, кој беше дел од групата „Тајфата“, и е успешен пејач и семеен човек, реши да влезе во политиката, и се кандидираше за советник во Советот на Општина Битола. Андонпвски ова детално го образложи на неговиот Фејсбук профил:




-Здраво пријатели! Би сакал да споделам со Вас нешто важно и би бил среќен ако го прочитате. Сакам да ја споделам причината зошто јас решив да се кандидирам за советник во Советот на Општина Битола.

Пред неколку недели добив телефонски повик. Тоа беше од Христо Кондовски , кој ме замоли да се сретнам со него во канцеларијата каде што тој работи. Нашата средба траеше два часа, во која овој човек со обични зборови ми кажа кој е, што прави за нашиот град и што има намера да направи во иднина.




Познавам многу битолски „политичари“ и искрено – бев изненаден. Изненаден и од начинот на размислување на овој човек и од фактот дека за првпат видов личност која има визија да направи нешто за нашиот град.

Можам да кажам многу работи за кои разговаравме Христо и јас и сигурно ќе ги кажам наскоро. Но, сега поважно, друго.




Имам добар живот. Имам прекрасна сопруга и дете. Долго време добро заработувам. Задоволен сум со тоа што го работам и со животот кој го живеам. Сум успеал на македонската естрада, сум настапувал на многу фестивали и имам хитови со кои можам да се пофалам.




Композитор на музика сум на повеќе од 40 професионални театарски претстави кои сум ги работел во театрите од земјава и надвор од неа. Добитник на бројни признанија во областа на културата.




Сето ова и го должам на мојата земја. На луѓето што доаѓаат на музички настани, купуваат билети за фестивалите и претставите, на оние кои ја слушаат нашата музика. Вистината е ваква – ако не е Македонија , јас не сум никој.




Многу често во последниве години си велам – добро, јас правам музика. Давам интервјуа, пишувам статуси, луѓето ги сакаат и уживаат со нас. Заработуваме, се забавуваме и живееме живот.

Да, но има многу работи во Македонија, има многу работи во Битола што не ми се допаѓаат. Дали успеав да сменам нешто со мојата музика, со сите интервјуа и натписи?




Ништо не менуваме. Се плашам од помислата дека еден ден ќе се вратам назад и ќе видам дека никогаш не сум се осмелил да го ризикувам мојот добар живот во име на нешто поголемо и поважно. Никогаш не сум се обидел да и помогнам на земјата што ми даде сè а јас не и дадов ништо.




Седам и си велам – не ти е местото таму, не се плеткај со политика. Да, но на другите не им пречи да се плеткаат со мене. Со моите деца, со моите најблиски, со моите пријатели. Со луѓето за кои постојам.

Добро знам кој е Христо Кондовски, како и тоа што работеше и што направи во годините претходно. Разговарав со него многупати.




Имав неколку средби со негови соработници и луѓе кои работеле со него. Многу размислував, се советував со моите најблиски, како и другите луѓе за кои се грижам и им верувам, и донесов одлука.

Јас ќе гласам за Христо Кондовски, ќе гласам за човек, за личност која знам дека ќе работи за доброто на нашата Битола. Јас го сакам најдоброто за мојата општина и градот во кој живеам . Се надевам и верувам дека ќе ме поддржите.




Сакам да кажам дека на овој потег да си ја отворам душата пред сите Вас мои фанови ме инспирираше еден човек, Ицо Хазарта, човек од мојата фела. И тој покрај другото ме инспирираше со свој пост на социјалните мрежи потврдувајќи ми дека и ние уметниците треба да бидеме ангажирани граѓани во нашето општество.




Нашиот глас треба да се слуша и ние имаме одговорност да дадеме придонес во заедницата. Тоа беше дополнителен мотив да се вклучам во сето ова и да дадам придонес во заедницата во која живеам, придонес за сите нас битолчани!

Не смееме да бидеме пасивни набљудувачи. Напротив, треба да сме активни играчи и заедно да го градиме животот кој го посакуваме во град каков што посакуваме!“, објави Димитар Андоновски на Фејсбук.

Претходна статијаЛила денес слави јубилеј, еве колку години полни и какво изнедаување доби од важна личност (ФОТО)
Следна статијаКолку си убава Ане: Познатата македонска водителка објави слики од кои многумина се најдоа зачудени (ФОТО)