Се упокои познатиот новинар од Штип, неговото име е многу значајно за многу наши познати пејачи

0

Mакедонскиот фестивал на забавни мелодии “Макфест“ започнал на 18 октомври 1986 година, како изведувачка музичка манифестација. Целта на “Макфест“ била стимулирање на домашното творештво, што предизвикало редица на македонски талентирани поединци, од кои израснале автори на музика, текст, аранжман, кои многу ја збогатиле македонската музичко-естрадна култура.




Членувањето на “Макфест“ во ФИДОФ (Светска федерација на фестивалски организации), му овозможил да се афирмира и пошироко од својата земја. Бројни биле настапите на македонските автори ма големите сцени во Белорусија, Русија, Египет, Турција, Ирска, Романија, Франција и други земји, претставувајќи дел од естрадната култура на Македонија пред европските слушатели.




Познато е дека на Макфест лродефилираа многу познати ѕвезди од Македонија но и од поранешна Југославија како Кичо Слабинац, Хелена Благне, Мики Јевремовиќ, Ристо Самарџиев, Дуле и Коки, Тамара Тодевска, Лидија Кочовска, Тања Кочовска…. Денеска, тажна вест се шири на социјалните мрежи, а е поврзана со еден од челните луѓе на овој фестивал.




По кратко боледување денес си замина новинарот Трајче Јованов. Неговото име остави незбришлив печат во штипското новинарство. Најголемиот дел од својата над 40 годишна новинарска кариера ја помина во Радио Штип.




По згаснувањето на ова локално радио негиовот глас се слушаше на радио Енџелс. Освен новинарството имаше уште една голема љубов- актерството. Почетоците му се во Драмското студио при Домот на културата во Штип, но тој неуморно аматерски учествуваше во монодрами и претстави практично до последниот здив.




Естрадата и новинарите го знаат Трајче Јованов и како дел од Фестивалот на Забавни мелодии Макфест. Во прес службата на фестивалот беше од 1988 година. Во младоста Јованов, беше активен и политички. Еден период беше секретар на Социјалистичка младина, а беше и член на првиот Совет на општина Штип по осамосојувањето на Македонија, објави 24.мк.




-Човек секогаш  се врти назад, ( иако не е препорачливо ) за да види што останало зад него.И чекорејќи наназад, во едно доба од пред неколкку децении, на техничко – технолошки заостатоци, гледано од денешна перспектива, дочекот на Нова година беше интересен предизвикувачи, провоцирачки миг во животот на секој Homo Sapiens.

Нова година му доаѓаше како миг за сеопшта национална катарза.




Зјапавме ( како куче пред касапница) во девојките, кои тогаш за Нова година, сакаа да имаат ново модно парче, моден детал.Но и тоа го правеа подприсмотра на нивните мајки, кои со чувствeно внатрешен страв ги пуштаа или не своите девојчиња на дочек во нечиј врснички дом, во проверено семејство.

На први и покрај црно белата слика, уживавме во боите на Штраус и Виенскиот концерт.Се веселев ако Карајан диригираше.Чекавме да видиме и чуеме, кој валцер, кое дело ќе биде шлаг.




Повозрасните не седеа со скрстени раце.Шетаа по тоа месарниците, бираа најквалитетно место за пржење, дури и за скара.

Единствениот хотел, па и единствениот мотел, со широко отворено срце чекаа да дојде Нова година и да дојдат гостите.Најголемата радост беше песната, веселбата и понекоја награда особено телевизор во боја, да се падне за нова година.




Снег, ех тоа го имаше!И за Нова година имало снежни врнежи.Улицата беше најголемото лизгалиште на свет.Непостоеше жива сила која ја спречуваше снежната новогодишна радост, со сиот ризик на премрзнување.

Загреаната печка на дрва беше местото за плачење. Премрзнатите прсти на рацете и нозете, болно се грееја, а солзите сами потекуваа , едно од премрзнатата мака, и друго од парчето чоколатце што како глувци го грицкавме.




Со сласт ги грицкавме и коледарски колачиња кои ги држевме во премрзнатите раце  и тоа по полноќ, кога температурата не беше мин 2, 3 па и минус 5…“, напиша Јованов во една своја колумна за публицитет.мк

Многумина на социјалните мрежи денес се простуваат од Јованов, кој со години беше едне од првите луѓе на фестивалот „Макфест“, а бил и голема поддршка на пејачите кои својата музичка кариера ја изградија на овој фестивал.




Според она што пријателите го објавуваат на социјалните мрежи, Јованов имал проблеми со срцето. Нека по чива во мир.

Претходна статијаГезме, свирка, вино на нивата, Коки и Влaтко Стефановски уживаат на село (ФОТО)
Следна статијаЛазар Бараков прозборе за тоа какви cедативи зема (ФОТО)