Сашко Коцев објави многу убава вест, пријателите честитаат (ФОТО)

0

„Зоки Поки“ е ТВ-серија според истоимената книга за деца на писателката Оливера Николова, првично објавена во 1963 година од страна на „Детска радост“, по што следувале голем број изданија.




Повеќе од половина век книгата била задолжителна лектира за учениците во македонските основни училишта. Преведена е на српски, романски, украински, чешки, италијански, словенечки, турски, албански и германски јазик.




Режисерот Александар Поповски и продуцентот Роберт Насков се одлучиле за екранизација токму на „Зоки Поки“ не само затоа што сметаат дека ова култно литературно дело е релевантно за многу различни генерации, туку и поради недостаток на домашна ТВ програма за деца.




Со желба за враќање на вредностите кои полека исчезнуваат, Поповски и Насков сакаат да создадат ТВ проект кој ќе им го задржи вниманието на децата кои растат во денешното „брзо“ време.




„Зоки Поки“ е прв заеднички проект на Поповски и Насков по филмот „Балканот не е мртов“ во 2013 година. Последен ТВ проект на Насков и „Кино Око“ е ТВ-серијата „На терапија“, која е првата македонска ТВ серија снимена според странска лиценца.




Зоки Поки го игра Матеј настевски, Лидија е Анастаија Аневска а таткото на Зоки е Сашко Коцев. Серијата постифна многу голема гледаност во цела Македонија.

ТВ-серијата „Зоки Поки“ ја освои и Скандинавија. По најавата за емитувањето во Шведска, пристига и најавата за емитување во Норвешка, на Норвешката национална телевизија „NRK“.




„NRK“ е јавен сервис, но и најгледаната телевизија во Норвешка. Од медиумот велат дека речиси секој жител на Норвешка користи барем еден од нивните сервиси во текот на денот. За „Зоки Поки“, тоа значи потенцијал за особено широка гледаност.




Претстојното емитување на „Зоки Поки“ во Шведска и Норвешка е од историско значење за македонската кинематографија. Досега, немало друга македонска серија и воопшто програма од овие простори што се емитувала во двете земји во Скандинавија. Инаку, серијата се емитуваше и во Германија.




Сега, Сашко Коцев на својот Фејсбук објави убава вест. Имено серијата сега ќе се емитува и во Србија, и тоа српската национална телевизија РТС 2, секоја сабота. Коцев го сподели промо видеото од српската телевизија, а пријателите му честитаа.

Претходна статијаЕве како познатиот македонски музичар се пошегува со оние кои се плaшaт од 5Г мрежата (ФОТО)
Следна статијаСрбија во шок – од вирусот се упокои познатиот актер на само 49 години