Еве како познатиот македонски музичар се пошегува со оние кои се плaшaт од 5Г мрежата (ФОТО)

0

Македонија годинава стана дел од 5Г технологиите со потпишување на договор со САД. Мрежата засега не е достапна, но операторите се подготвуваат и се направија тестирања. Новата технологија наметна кај граѓаните дилеми за здравјето и приватноста. Стручњаците сметаат дека тие се неосновани.




На социјалните мрежи во последно време има поплава од коментари и написи за штетноста на 5Г мрежата, но најголем дел од овие информации доаѓаат по правило од недоволно проверени извори.




Се појавија тврдења дека петата генерација на безжични телекомуникациски врски лошо делува на живите организми, а некои одат толку далеку што имплицираат дека од зрачењето на оваа мрежа угинуваат птиците.

РСЕ се обиде да ги слушне размислувањата на случајните минувачи во центарот на Скоpје. Што мислат за имплементација на 5Г мрежа кај нас?




„5Г мрежата? Искрено не сум доволно информиран за да ви кажам некое мое објективно мислење, имам само слушнато дека е штетна, дека е некој светски заговор и такви работи, но сепак мислам дека како технологија би помогнала. Не верувам во тие светски заговори дека е штетна по здравје”, ни изјави Наум Маневски од Скопје, стои во текстот кој го објави Слободна Европа.




„Според сите аналитичари, научна и стручна јавност 5Г мрежата и покрај моќта која ја поседува и брзината што ќе треба да ја овозможи за корисниците, сепак, се зборува дека е безбедна за користење пред сè за човековото здравје.




Од причина, како што тврдат, дека работи на фреквентен опсег од околу 26 гига херци и има нејонизирачко зрачење, што значи дека не е штетна по човековото здравје, односно не може да предизвика некаков вид на канцер и слично, зашто е нејонзирачки сигнал и работи на слаба фреквенција”, вели Симеонов.




Бардил Јашари, директор на Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис вели дека дебатите околу влијанието на 5Г мрежата врз околината се позитивна појава. Тој смета дека грижата што се појавува во јавноста доаѓа од зголемената свесност и образуваност на луѓето денес, а тоа, според него, може да доведе само до подигнување на стандардите за прозводство на поквалитетна технологија.




А1 Македонија ја информира јавноста дека постави 5Г-мрежа во центарот на Скопје за финално тестирање, со што компанијата со најголем број корисници на мобилна телефонија и најбрз мобилен интернет е чекор поблиску до комерцијално воведување на 5G технологијата за сите корисници.




– Поставувањето на тестната 5Г-мрежа е уште еден доказ за нашата посветеност и стратешката определба за креирање и воведување најсовремени дигитални решенија, кои овозможуваат нови и напредни дигитални искуства на корисниците.




Ова е само почеток на новата индустриска револуција, а 5Г е горивото на кое таа работи. Продолжуваме понатаму со интензивни активности за што побрза имплементација на оваа технологија за комерцијална употреба – изјави Методија Мирчев, извршен директор на А1 Македонија.

На овие случувања, реагираше музичарот Џон Илија Апелгрин на својот Фејсбук профил:




Нашите оператори најавуваат тестирање на 5G, а нема протест ниту најава од загрижените, но доколку не сте „разбудени“ ем сте заштитени со вакцина, ем бесплатен интернет преку чип от до 2Gb месечно, (рутерот се приклучува на рамо преку магнетна лажица)“, напиша Апелгрин.

Претходна статијаОвој човек ме израсна од мала: Пејачката Ивона откри за кого ќе даде поддршка на изборите (ФОТО)
Следна статијаСашко Коцев објави многу убава вест, пријателите честитаат (ФОТО)