-Корупц ијата во урбанизмот на Скопје (веројатно и цела Македонија) не познава партии – тие што кра дат и градат си имаат купени луѓе насекаде и соработуваат одлично (веројатно ги гледате доказите наоколу). Дечки: никој никого не врати, тоа не си ни отиде.
И нема име на политичка партија тоа нештото. Се вика, нашата неможност да ја видиме поголемата слика, да мислиме надвор од рамките во кои сме навикнати да делуваме ИИИ!!! нашиот ужа сен мрчаторски и кору мпиран менталитет (наспроти, конструктивен и менталитет на професионалци во својата работа).
Кога соучесниците на уpбаната ма ф ија вдомени во нашите локални општини ќе ни ги исечат сите дрвја (помогнати од ултра-неефикасното судство), ќе ни го одземат целиот воздух и како во мојот маалски проблем – ќе ни влезе во дворовите преку името на еден бивш функционер.
Веројатно кога ќе почнат да нѐ снаоѓаат катас трофи за кои со години предупредуваат експертите – дури тогаш ќе сфатат дека не можат да јадат, живеат и дишат пари (нели, не можеш да поткупиш природна катас трофа, на пример).
Или едноставно, толку многу ќе се имаат наци цано од граѓанските државни пари – што ќе си се преселат во некоја убава европска престолнина и ќе ни пишувкаат статусчиња за тоа „како треба“.
Нашата колективна свест нема да мрдне дур не проработи личната. Нашите политички избраници се слика и прилика на нас, народот. А не е комплицирано, почнува со: не сечи дрвја, зголеми ги зелените површини, прекини да градиш зградурини и да менуваш ДУП-ови, ГУП-ови и закони за да ти помогнат да правиш згради кај што СТВААААААРНО више нема место.
Не фрлај ѓубре кај што ти е најлесно, не фрлај ѓубре негде само затоа што сите така прават, пропуштај луѓе во сообраќај кога културно даваат жмигавец, застанувај на пешачки, не вози над 60 км/ч во град, не паркирај ко стока и не застанувај кај ти дојде – пропешачи некад (п. му м.)
Сфати дека не си фраер/ка ако си го зезнал/а законот, не мрази луѓе само затоа што се различни од твојата замисла за тоа какви треба да бидат, ако земеш куче чувај го ко што се чува миленик (самото име кажува, мило ти е) и собирај по него.
Насмеј се некад, кажи „фала, добар ден, пријатно“, направи нешто добро за некој без да очекуваш нешто за возврат, пробај бар една недела да даваш конструктивни предлози наместо да критикуваш што не чини иииии (иако сигурно пропуштив нешто ултра-битно) прекинете да мислите дека партиите прават нешто за вас.
Прават нашите даноци, нашите граѓански пари. Не ни требаат типчиња чија кариера се градела во партија – ни требаат вистински експерти на вистински места, ни требаат вистински визионери и политики кои ќе ни го подобрат живеењето.
Ни треба конечно да си ја видиме и преземеме нашата одговорност за состојбата во која се наоѓаме“, е статус кој го нашиша музичарката и спортиска Леана Таќи, која претходно беше пејачка на групата „Ај кју“. Инаку, Леана е ќерка на Гранит Таќи кој е дел од групата Лева патика, познати по хитот „Неправда“.
Леана, освен што е голем љуботел на уметноста и на музиката тренира и триатлон, и е доста посветена на оваа дисиплина, а се грижи и за чиста околина и за здрави навики во општеството.