Бени и Перо Камиказа на кафе, се нарекоа хepои (ФОТО)

Познатиот музичар Петар Георгиевски-Камиказа, кандидатот на Левица за градоначалник на Скопје, преку Фејсбук упати благодарност на сите кои му дадоа поддршка на овие локални избори.




„Бронзата е медал за на маратон, но не и за избори. Во благодарам за поддршката и за искрените намери. Нека победи подобрата или подобриот“, напиша Георгиевски.

Актуелниот градоначалник за градоначалник на Скопје од СДСМ, Петре Шилегов, ја напушти дебатата која се снимала пред неколку дена во МРТВ, објави Слободен печат.
На потегот на Шилегов, кој веднаш по него го следеше и кандидатот поддржан од Левица, Петар Георгиевски-Камиказа, реагираа дел од останатите кандидати, а се слушна и дека тоа е „бегање од дебата“.




„Снимањето беше со почеток во 11 часот и траеше подолго од договореното, повеќе од два часа, каде јас се извинив на присутните бидејќи морав да се вратам на обврските како актуелен градоначалник, за разлика од останатите кандидати коишто ја немаат таа обврска во тек на работното време.




Ниту еднаш до сега, дали тоа било во изминатите четири години или за време на кампањата, не сум одбил да учествувам во ниедна дебата. Дебатите за мене се демократски чин и претставуваат најдобро презентирање на идеите, проектите и визијата за Скопје,“ објасни Шилегов.




„Ако тој си отиде, си одам и јас“, рекол Георгиевски, кој додаде дека снимањето било закажано за од 11 до 14 часот денеска, па секој требало да го почитува тој термин и да си ги прилагоди обврските. Кратко потоа, дебатата ја напушти и кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, но таа, како и Георгиевски, по извесно време се врати во студиото.




Музичарот Арбен Бени Шаќири, кандидатот за градоначалник за Скопје од ЛДП и ДОМ, пред две недели преку видео порака посочи дека трча на маратонот, за разлика од оние кои се фотографираат за да го најават, а не трчаат. Ова видео доаѓа откако претходно актуелниот градоначалник и кандидат на СДСМ, петре Шилегов го отвори скопскиот маратон.

-Ќе спроведам референдум да се изјаснат граѓаните дали се за или против дислоцирање на тие споменици. Градот ќе го светнам, го го исчистам, има да блеска. Ќе работам чесно и одговорно. Нема да се кријам во кабинетот и градските бараки ќе бидам отворени за сите.- рече Шаќири во едно претходно интервју.




Бени Шаќири, вели дека е задоволен со резултатите од денешните избори, зошто покажаа дека во црно-белиот политички свет има шаренило. На прашањето за кого на своите гласачи ќе им посочи да гласаат во вториот круг, Шаќири вели дека нема намера на никого да му кажува за кого треба да гласа.




Граѓаните се доволно паметни и свесни за кого треба да го дадат својот глас, мислам дека е дегутантно јас да им кажувам што треба да прават, рече тој во вклучувањето на „Сител“. На прашањето кого Бени сака да го види во градоначалничката фотеља, тој одлучно одговори: Петре Шилегов сигурно не!




Жестока дебата имаше претходно на „Топ тема“ на Телма. „Сите знаат дека станавте кандидат за градоначалник на Скопје, зашто не станавте директор на МКЦ“, му возврати скопскиот градоначалник Петре Шилегов на противкандидатот Бени Шаќири, кој, пак, претходно го обвини дека е лош градоначалник.

-Ние кога рушевме режим се договоривме дека ќе го слушаме гласот на граѓаните и нема да подржиме партиски решенија. Вие требаше да бидете партиско решение за директор на МКЦ, но имаше петиција против граѓанските здруѓенија и ние го послушавме гласот на граѓаните, рече Шилегов на дебатата на Телма.




– Со никој од присутните тука не сум се договорал за ништо. Единствено со вас се договорив за да го рушиме режи мот. Јас лично ве качив на бина пред Влада кога станавте градоначалник и се договоривме да бидете одговорен, чесен и нормален градоначалник.




Затоа не ме обвинувајте дека сум се договорил со другите кандидати тука да ве напаѓаме. Но, вие може сте добар правник, но испаднавте л ош градоначалник, рече Шаќири.

Денеска, Шаќити и Камиказа го искористоја убавиот сончев ден да се напијат кафе во вентарот на Скопје.




Тие и претходно објавуваа задеднички слики и рекоа дека на терен се противници, а на на улица другари. На денешната слика на која се заедно а ја објави Перо Камиказа, тој напиша: Херои!

Претходна статијаПознатата пејачка се налути и крена глас: Не ни требаат типчиња чија кариера се градела во партија (ФОТО)
Следна статијаВо врска со оженет маж или девет години без маж: Згодната пејака откри која е вистината (ФОТО)