Познат македонски наставник упати остра критика за нашиот менталитет поврзан со филмот „Тома“ – „Мало сутра“ (ФОТО)

0

Гоце Бумбаровски е еден од најпознатите македонски наствници. Тој со своите ученици работи на поинаков, интерактоивен начин и сите свои мислења околу образованието и случувањата нво нашето општество ги пишува на својот Фејсбук профил.




7 навики на среќните луѓе… Да нема забуни – мислам на луѓето од чие лице зрачи среќа!

Ова се седумте навики што можете да ги забележите кај нив и доколку Ви се допаѓаат, слободно дајте си слобода за да ги искористите:




1. Се вложуваат во нешто во што веруваат – А тоа може да биде се;

2. Посветуваат време на семејството и пријателите;

3. Се насочуваат кон доброто;

4. Го користат она што им е дадено на располагање;




5. Од секоја потенцијална ситуација создаваат среќен крај;

6. Ја користат својата лична моќ за завршување на работите;

7. Знаат да ја почувствуваат среќата на едноставните задоволства…“, напиша тој неодамна на Фејсбук.




-Ние сме УНИКАТНА генерација! Затоа што сме последната генерација која им беше послушна на своите родители, а воедно сме првата генерација која што им е послушна на своите деца…“, порача тој во друга објава.

-Само авторитетниот учител е достоен за почит… Се сеќавате ли на некој учител што навистина ви оставил впечаток кога сте оделе на училиште?




Во минатото се почитуваше зборот на учителот како светост, се почитуваа неговото мислење и знаење. Денес статусот на просветните работници во општеството не го задоволува вложениот труд!

Многу учители слушнале од учениците дека ги ценат, па дури и од родителите и со тоа биле охрабрени да продолжат со просветарската работа и покрај секојдневните про-блеми.

Изградениот и професионалниот просветен работник секогаш треба да биде пример полн со одговорност, разбирање и посветеност кон работата. За да им укажете нешто на вашите ученици, треба да тргнете од себе.




Онака како што ќе ве прифатат тие, такво име и дигнитет ќе ве следи и во иднина.
Важно е учителот да всади знаења и вештини кои од детето ќе изградат самостојна и успешна личност! И сето тоа во време на материјално општество, изгубени морални вредности, материјален натпревар и неповратна отуѓеност од човекот во самите нас.




И да не заборавиме, учителот треба да внимава на своето однесување во јавност, но и на својата облека, бидејќи преку неа им дава пример на своите ученици. Тој треба да е уреден, педантен, онака како што и доликува на неговата професија.

Во моментов двигател на учителот не е неговата бедна плата, туку љубовта што секојдневно ја добива од своите ученици!




Предлагам за момент да ги “обуете чевлите од учителот!” Кога ќе Ви успее да се ставите во нив, дури тогаш можеби ќе се вратат дигнитетот и почитувањето на оваа професија! Нека ни е честит и за момент достоинствен 5ти Октомври – светскиот ден на учителот“, објави тој на 5 октомври.

-Во целост се согласувам дека носењето маски е штетно за учениците и за наставниците… Мојот предлог е: часот да трае 30 – 35 минути, 10 минути мал одмор,
30 минути голем одмор…“, е уште еден став кој го напиша овој познат наставник од Прилеп.




Тој упати и свое мислење околу хит филмот нна Драган Бјелогрлиќ и на Жељко Јоксимовиќ, „Тома“, кој зборува за животот на пејачот и вечен боем Тома Здравковиќ. филмот како што е познато, ги руши рекордите на гледаност из цела поранешна Југославија.




-Поминаа неколку години откако актуелната власт ја забрани серијата за Македонија во 80 прекрасни епизоди, кои за жал јавноста не успеа да ги види. Освен онаа кратка секвенца со песната и спотот за НАЛЕЈ, НАЛЕЈ…




Македонската интелектуална јавност, со прст не мрдна, па и народот исто така не се избори тој ТВ проект да се појави пред нашата публика… Сето тоа во независна и самостојна држава!

За Тома се испотепаа линк да најдат… Ете и по кината веќе се емитува, а реки народ одат да го гледаат тој филм за кафанскиот пејач… Градиме национална свест… “Мало сутра”… (преземено и за нијанса изменето)“, напиша Бумбаровски.

Претходна статијаЃоко Јовиќ правeше мекици за синот, но видете го изразот на лицата на гостите кога ја викна песната „Сине мој“ (ВИДЕО)
Следна статијаКристина Арнаудова: Се што гледате правам сама, се уште сум многу далеку (ФОТО)