Ѓоко Јовиќ правeше мекици за синот, но видете го изразот на лицата на гостите кога ја викна песната „Сине мој“ (ВИДЕО)

0

Некои велат трета среќа, но за пејачот Ѓоко Јовиќ се погои четврта среќа. Тој пред три дена доби многу честитки на својот Фејсбук профил, и се уште не престана да добива, затоа што по четврти пат, нашиот познат пејач стана татко.




Неговата сопруга за која често вели дека му е голема поддршка, Ивана роди син. Веста дека Ивана се породила, пејачот ја сподели на Фејсбук. „Денес нашиот дом повторно блесна со среќа, насмевка и љубов затоа што Бог ни подари уште едно ангелче во нашето семејство. Мојата сопруга Ивана ми роди син. Нека е жив и здрав“, напиша Јовиќ.




На многу интересен начин, пред целата јавност, популарниот пејач кој инаку на многу свадби, веселби, крштевки и родендени настапува со бендот кој е наречен „Енерџи бенд“, кај нас, но и во македонската дијаспора насекаде, сподели дека ќе стане татко по четврти пат.




Ѓоко Јовиќ заедно со сопругата Ивана се горди родители на три деца, Теодора, Михаил и најмалиот Јоан. За да го дознаат полот на бебето, ќерката Теодора им организираше изненадување, а Ѓоко тоа го сподели на Фејсбук. На видеото тие пукнаа сини балони, по што се дозна дека ќе имаа уште едно машко.




Сега, семејството Јовиќ е четири спрема два, тоест четири машки во семејството и две дами, сопругата на Ѓоко, Ивана и ќерката Теодора. За своите деца, тој рече во една прилика дека се талентирани за музика, а тој и сопругата отсекогаш сакале големо и среќно семејство, и желбата им се исполни.




Ѓоко Јовиќ, со „Енерџи бенд“, изминатото лето настапуваше во струмичкиот клуб, кој тогаш беше во центарот на вниманието поради прек-ршени неколку правила од протоколот за заштита од вирусот.

На социјалните мержи меѓу другото се кpи- тикуваат и организаторите и публиката, но и пејачот Ѓоко Јовиќ, кому по неколку месеци пауза во петокот му беше прв настап со „Енерџи бенд“ и кој, за mms.mk изјави дека тој е само пејач и како пејач бил дел од забавата во клубот.




-Немам што да кажам. Мојата улога во целата ситуација беше да пеам. Тоа и го сторивме со колегите од „Енерџи бенд“. Ништо повеќе.

Ако ме прашувате за протоколите според кои треба да се однесуваат музичарите, ќе кажам дека што се оснесува до мене и до моите колеги се испочитува се како треба. Ние бевме на бина, одделени од публиката а и самите меѓу себе имавме дистанца“, изјави за ММС тогаш пејачот.




Инаку, Јовиќ е познат и како многу хуман човек. Пред две години, во угостителски локал во Куманово повторно го прекина својот настап и го извади куферот на хуманоста пред гостите. Тогаш, тој собираше дон-ации за младиот Игор Петрески, и за само 15 минути заедно со момците од ,,Енерџи бенд” успеале да соберат 25.000 денари.




-Не можев ниту да помислам дека ова што го правам ќе предивика голем интерес во јавноста. Целото внимание и благодарност според мене, му припаѓа на Бог, јас само го правам тоа што најдобро го знам и умеам – пејам. Кога веќе сум во таа позиција да можам да го поттикнам народот на хуманост и добрина, нормално е дека ќе го правам тоа.




Голем верник сум, Бог ми дал дарба за музика, а тоа што настапите ми добија хуманитарен карактер го гледам како нешто кое не треба да изненадува. Секој кој може да помогне некому, на било кој начин, не треба да се двоуми – раскажа Јовиќ тогаш за Фокус.




-По настап им носам на луѓето за кои сум пеел таа ноќ по 500, по 800 евра, колку се собрало – толку. Не можам да ви ја опишам нивната благодарност, посебно поради тоа што често се работи за луѓе чии месечни примања се дури и за неколку пати помали.

Куферот на хуманоста, како што веќе го нарекува публиката, всушност и не е секогаш истиот куфер, се работи за оние куфери во кои ги носиме инструментите.

Па кој прв ќе ни дојде пред рака, го ставаме на бината, отворен за донации. Она што ми е многу драго е тоа што нашиот народ ја покажа својата големина, луѓето од се срце оставаат донации, кој колку може.




Никакви лоши коментари нема да ме поколебаат и ќе продолжам со оваа убава мисија на наредните настапи – изјави Јовиќ во Фокус, кој долги години е дел од естрадата.

Сношто, Јовиќ неколку пати во живо се вклучил на својот Фејсбук профил, и објавени се многу слики од него и од неговите драги и блиски луѓе. Повод се мекиците- прославата за раѓањето на синот, а забавата била како што се очекува од еден пејач кој долгои време го весели народот, весела, со убави песни и расположени луѓе.

Според снимките, највесел бил Ѓоко, а се пееле песни главно за деца кои го честитаат нивното раѓање. Така е кога мекици прави татко Ѓоко. Инаку, тој на 20 ноември најави дека со Енерџи бенд ќе пее во Гетеборг, во Шведска.

Најемотивен сегмент од мекиците е снимаката од Ѓоко, кој со чашка раkија во рака ја пее песната „Сине мој“, посветена на неговите синови.

Претходна статијаШлиц, деколте, гол грб, Ирена Спировска се опушти, покажа се што има (ФОТО)
Следна статијаПознат македонски наставник упати остра критика за нашиот менталитет поврзан со филмот „Тома“ – „Мало сутра“ (ФОТО)