Овој човек ме израсна од мала: Пејачката Ивона откри за кого ќе даде поддршка на изборите (ФОТО)

0

Kандидатот за градоначалник на Општина Куманово од СДСМ и коалицијата Најдоброто за мојата општина, Оливер Илиевски даде интервју за Centar.mk и во него меѓудругото изјави:




-Изминативе 4 години се надевавме на остварување на програмата која беше презентирана пред граѓаните на општина Куманово на локалните избори 2017-та, но за жал од личната агенда на поедници, вмешување во разно разни теми кои не се интерес на локално ниво, изнесување ставови кои во тие моменти воопшто не биле битни, она што требаше да се реализира остана занемарено, а резултатите денес се очигледни.




Благодарение само на Владата, 120 милиони евра се вложени во Куманово. Рехабилитиравме над 85 километри локални и регионални патишта Куманово – Свети Николе, Куманово – Никуштак, Куманово – Опае – Слупчане – Белановце кои се целосно реконструирани, Куманово – Крива Паланка, регионалноиот пат од село Војник до Страцин и Страцин – Крива Паланка – граничен премин Деве Баир како главни патни инфраструктурни артерии коишто ќе креираат можност за развој на целиот овој регион.




Направивме три училишни спортски сали, едната за економското училиште, втората е во училиштето во Черкезе и третата сала е за техничкото училиште. Градиме фекална канализација во село Тромеѓе, ги заменивме водомерите во Куманово, го градиме рекреативниот центар Студена вода, изградивме фекална канализација во село Речица,




Се работи и на пругата Бељаковце – Крива Паланка. Обезбедивме средства за доопремување на детската градинка со капацитет за нови 60 деца, друг проект за адаптација на просторот на Пионерскиот дом во градинка за 40 деца.

Целосно го реконструиравме целиот објект во Кумановската касарна. Успеавме дел да ја раздолжиме општината и да ги вратиме во сопственост најзначајните објекти на Куманово, спортската сала, Соколана и реконструкција на Споменик Костурница.




Во наредниот период мора да ги засукаме ракавите и да се фатиме за работа, затоа што по враќањето во владение на општината, овие објекти треба да се реновираат, да го задржат својот автентитчен изглед, а сепак да блеснат во полн сјај, да ги привлечеме младите кон нив, кон спортот, музиката и дружењето.




Линкот општина- влада и обратно секогаш треба да го одржувате, да бидете во постојана, добра комуникација и соработка, да нудите проекти, за да привлечете инвестиции“, рече Илиевски.




Дел од музичарите и уметници и самите се кандидати за градоначалници, како на пример актерот Тони Михајловски, музичарите Арбен Бени Шаќири и Петар Георгиевски- Камиказа, но дел од нив јавно кажуваат на кого на даваат својата поддршка.

Младата пејачка од Куманово Ивона Јовановиќ на својот Фејсбук профил објави слика токму со Оливер Илиевски и раскажа лична приказна за него во која се гледа дека се семејни пријатели. Ивона на Фејсбук напиша:




-Кога ќе слушнам невистини за човек кој ме израснал од мала и знам каков е и колку е искрен и отворен не можам да молчам.

Овој човек израсна две мали бебиња (се уште во моите очи). Кога им ветував дека ќе дојдам да ги посетам и не одев затоа што бев во најл удите тинејџерски години ќе ме седнеше и ќе ми кажеше:




„Немој да ветуваш работи кои не можеш да ги оствариш’’. И ден денес ми одзвонуваат тие зборови во глава и внимавам што ќе ветам.

Затоа му верувам на секој збор што ќе го каже. Верувам дека Куманово е паметен град и дека ќе избере паметно во недела.




Музичарите ќе гласаат за културно лето исполнето со музичка програма каква доликува на нашиот град.

Ајде да бидеме паметни и невистините кои денес ќе ги чуете добро распрашајте се пред да донесете заклучок.




Некогаш не е важно што ќе слушнете туку од кого ќе слушнете. Овој човек е ЧЕСЕН, ВНИМАТЕЛЕН, ОДЛУЧЕН и ВРЕДЕН“, напиша Ивона Јовановиќ.

Претходна статијаТри години без Милена Дравиќ, еве за кој македонски новинар го даде своето последно ТВ интервју (ФОТО)
Следна статијаЕве како познатиот македонски музичар се пошегува со оние кои се плaшaт од 5Г мрежата (ФОТО)