Новинарпт Огнен Јанески со та-га ја прими веста за заминувањето д-р Атанас Вангелов, македонскиот поет, раскажувач, критичар, есеист, книжевен теоретичар, драмски автор, преведувач. Јанески сподели линк од негово интервју со Вангелов и напиша:
– Почи-нал проф. д-р Атанас Вангелов, еден од најдобрите познавачи на делото на Блаже Конески. Поетски го напушти овој свет, токму во годината кога се одбележуваат 100 години од раѓањето на кодификаторот, а две недели по добивањето на државната награда за животно дело, „11 Октомври“.
Едно од најсуштествените интервјуа кои сум ги направил во последните години е тоа со проф. Вангелов, на почетокот од годинава, во рамки на рубриката „Разговори за Конески“ која е дело на соработка со Фондацијата за македонски јазик „Небрегово“.
Во интервјуто (емитувано на 26 март 2021), поранешниот универзитетски професор, а тука наменски ќе спомнам и поранешен пратеник, член на Парламентарното собрание на Советот на Европа и амбасадор во Унгарија, зборувајќи за својата книга „Лирската биографија на Конески“ (2020), ќе рече:
– „Песната „Молитва” и песната „Лажни про-роци” никој не би рекол дека тоа се во основа политички песни, затоа што во нив тој говори за лажни про-роци, оние кои се занимаваат со перманентна демагогија во својот живот и во таа демагогија живеат, а тоа е демагогија на политичарите од било која идеолошка боја. А за тоа станува збор и во неговата „Молитва”.
Таа молитва е упатена кон многу контексти истовремено, меѓутоа во времето кога е пишувана очигледно е дека актуелизира еден контекст кога однатре беше брутално напаѓан и ликот и делото на Конески, а особено неговата научна дејност од областа на науката за јазикот.
Јас тука нема да спомнувам конкретни имиња само ќе потсетам дека едно од тие имиња беше на времето и министерот за култура на Република Македонија и од таа позиција со една камарила луѓе тој практично го дискфалификуваше јазикот на кој говореше истиот тој министер.
Една парадоксална ситуација, меѓутоа вистинита и може да се потврди со огромен број факти. Лириката на Конески е таква што истовремено активира многу контексти, допушта во конкретни околности, во конкретно време, во конкретна ситуација, да се идентификуваат носителите на некои било социјални, било психолошки, било политички состојби и појави.
Таков е и случајот со оваа песна „Молитва” на која се задржав малку, каде што беше употребена за политичка пропаганда од оние кои газеа, така да се каже, најбрутално, по душата на Конески.“
Во прилог на оваа објава, го споделувам и интервјуто со проф. д-р Атанас Вангелов за рубриката „Разговори за Конески“. Сочу-вство до семејството. Нека почи-ва во мир“, напиша Јанески.
Огнен му го честиташе роденденот на својот вујко, познатиот актер Марин Бабиќ и притоа раскажа дека всушност тој исто така можел да тргне по негвоиуте стапки, но не решил. Исто така, нагласи дека разликита од 40 гподини помеѓу нив како да не постои.
Денеска на господинот Бабиќ, вујко ми, му е роденден. Нашата разлика од точно 40 години е како да не постои наспроти заедничкото творештво кое последните години го имаме. Растејќи, не мислев дека ќе има денови кога заедно ќе бидеме на сцените низ Македонија, иако се маткав во многу слични води како неговите, и покрај тоа што никогаш не се одлучив за нив.
Ама ете, Природата имала друга идеја, па ни дала гласови за да ги споделуваме со сите љубители на пишаниот збор. За уште многу заеднички, на здравје! Срејчен роденден, вујка!“, објави Јанески.