Ми недостигаш многу и сите глупирања со тебе: Ребека со емотивна приказна (ФОТО)

0

Ребека Јанковска- Ристески, нашата позната пејачка и хуманитарец е мајка на три сина Маркијан, Дорореј и Макариј, но таа е исто така и горда тетка на Кјара Гоља, ќерката на нејзината сестра Хелена Роза, и на внукот Тијан.




Ребека неодамна сподели објава од независната кандидатка за градоначалник на град Скопје Данела Арсовска, која вели:

-Во Скопје, па и во целата држава не смее да има бариери кога се во прашање лицата со посебни потреби. Напротив, треба уште повеќе да се крене јавната свест за прифаќање на овие лица и да им се овозможи исполнување на нивните права во сите сфери од општествениот живот.




Денеска се сретнав со претставници од здружението „Ресурсен Центар на родители на деца со посебни потреби“ и на средбата се обврзав на отворена, транспарентна и континуирана комуникација со цел изнаоѓање решенија за клучните проблемите на оваа категорија граѓани.




Ќе формираме регистар на лица со попре-ченост кој ќе има важна функција во овозможување таргетирана поддршка. Исто така, ќе се фокусираме на отворање на Центар за грижа што ќе работи во рамките на унапредување на квалитетот на животот и на родителите и на нивните деца. Ќе биде донесено и инфраструктурно решение што ќе овозможи полесен пристап на повеќе јавни места во Скопје.




Мора да постои отворена соработка со цел унапредување на правата на лицата со посебни потреби и олеснување на проблемите со кои што се соочуваат нивните родители, заедно ќе овозможиме поголема поддршка од страна на градските и општинските служби“, објави Арсовска.




Инаку, Ребека со семејството најаи дека оди на одмор на чист воздух, во селото Босилово, од таму сподели објава: Браво за тато Коста и Виктор! Прекрасен пречек на прекрасно место создадено со љубов.




Покрај дружбата со убави луѓе пробавме и превкусни домашно приготвени јадења и безглутенска пита (поубава не сум јадела),домашно лепче и домашна безглутенска торта со малини. Секоја чест Коста!“ напиша Ребека.




Ребека на својот Фејсбук профил се присети на приказната која ја напиша минатата година а е поврзана со раѓањето на нејзината внука Кјара, а во неа раскажува како всушност се родила нвината прва радост:




-Денес е тој ден. Денот кога ти се роди ѕвездичке. А јас ги отворив сите прозори од моето Југо 55 и на цел глас пеев и и возев накај клиника. Тоа беше среќа голема. Му благодарам на Бога за сите убави моменти поминати со тебе и сите глупости со кои се вратив во детството заради тебе.




Те сакам ѕвездичке. Продолжи да сјаеш и да блескаш убавинке наша. Среќен Роденден моја Кјара Гоља“, напиша Ребека минатата година кога на внуката Кјара која е доста актуелна на Инстаграм и е вистинска убавица, ѝ беше роденден.

Кјара роденден слави и денес, а по тој повод тета Ребека ја напиша оваа честитка:




Драга моја Кјарче, Бисерче мое, убавинке моја и среќичке, Посакувам да го живееш сето она што те прави среќна. Те сакам многу. Ми недостигаш многу и сите глупирања со тебе. Среќен Роденден! “, напиша Ребека.

Претходна статијаОгнен Јанески раскажа животна приказна: Не мислев дека со вујче ќе бидеме заедно на сцените
Следна статијаМи викаш, ме штипкаш под маса: Цеца призна што се случува во „Звезде Гранда“