Нашите познати музичари сторија нешто многу убаво за едно сиромашно семејство од Гевгелија, секоја чест (ФОТО)

0

-Друштво ако познавате некоја самохрана мајка на малолетно дете која едвај врзува крај со крај би ве замолил да ме споите за финансиски да помогнам, или пак само споделете го постот, за да стаса на право место“, објави вчера Владимир Блажев- Панчо од дуото ДНК на својот Фејсбук профил.




Имам останати средства од претходната донација, ми тежат на душа па би сакам да завршат на место каде навистина е потребно.

Ви благодарам однапред“, додаде тој и многу брзо го сподели позитивниот исход од оваа објава.




-Друштво ви благодарам за споделувањата на статусот, средствата ги доделив на госпоѓа која ми кажаа дека и се потребни и верувам дека ќе и се најдат. За жал добив премногу пораки на кој не можам да одговорам, а би сакал да сум во состојба да можам. Тоа за мене би било победа.




Најискрено сочуствувам со сите и воедно жалам што живееме во еден ваков суров свет и општество. Помагајте секому на кого му е потребно кога сте во можност, бидејќи секој наш вишок е нечив мањак. Да останеме луѓе и да се сакаме. Имајте убав ден“, нашиша Панчo.




Тој и неговиот колега Андреј од ДНК се инаку познати по својата хуманитарна активност. Тие секогаш им понмагаат на оние на кои им е потребно, на ран ливите и социјално загро зени категории, а така беше и овој пат. На својот Фејсбук профил, ДНК обајви дека тој и Панчо заминале во Гевгелија кај семејството Јакимови за д аим помогнат.




– По вчерашната сторија за 5 членото семејство Јакимови, денес нашите патишта не водеа до село Ергелија Светиниколско, каде што отидовме да го посетиме и помогнеме колку ни дозволуваат нашите можности.




Живеат во трошната куќарка која за жал е речиси пред распаѓање. Не пречекаа навистина убаво како што доликува на една хармонична фамилија но со тажна насмевка.




Живеат во едно мало сопче заедно со нивните три прекрасни дечиња ( Бојана 14год, Давид 13 и Викторија 10год. ) кои за жал не можат да имаат детство како секое нормално дете и тинејџерските години ги проаѓаат во срам и исмејување од страна на нивните врсници.




Од срце би ве замолиле сите оние кои сте во можност да им помогнете онолку колку можете и да се обратите на следниве броеви за да го контактирате таткото Стојче за било какви донации. ( 078 98 18 22 или 075 65 08 73 )




Приоритет е да се санира терасата на куќата и собчето, а исто така имаат потреба од машина за перење и фрижидер.

Госпоѓата Татјана е работоспособна и едвај чека да и понудат работа или пак да ја вратат во фабриката Мик Свети Николе, а нејзиниот сопруг Стојче бол едува од епиле псија но самиот кажа дека би можел и сака да работи работа која не бара физички напор.




Голема благодарност до нашите пријатели Жито Маркети кои секогаш без проблем одговараат на нашите хуманитарни акции.

Сите заслужуваат подобар живот, а заедно сплотени сме секогаш посилни. Во наше и во името на Стојче би ве замолиле да ја раширите и споделите приказната се со цел да стаса до сите добри луѓе кои се во можност да помогнат. Ваши Панчо и Андреј“, стои во објавата на ДНК.

Претходна статијаСе огласи Синоличка Трпкова и раскажа многу лична, емотивна приказна (ФОТО)
Следна статијаЕлена – Живот со стил сподели убаво нешто за својот сакан, Илина Арсова честиташе! (ФОТО)