Се огласи Синоличка Трпкова и раскажа многу лична, емотивна приказна (ФОТО)

Познатата актерка Синоличка Трпкова, во една од своите објави на Фејсбук раскажа колку всушност на сите нас ни недостасува „нормалниот“ живот, оној кој го имавме пред популарноста на социјалните мрежи, времето кога имаше вистинска дружба во живо.




– Целосното гаснење на социјалните мрежи би можело да донесе враќање на основните човечки вредности. Ставање луѓе и работи на право место, ослободување од глуп ости, ом раза и лаги, политички миз ерни кампањи.




Нов почеток и нова надеж за човештвото…а до вчера, само, се збореше колку биле корисни. Да корисни се за да знаеш каде да си купиш гаќ и и да видиш некој рецепт. Толку“, напиша актерката.

-Тоа што со години се пропуштало, тешко се надокнадува. Но тоа не значи дека не треба да се проба. Грижата за мајчиниот јазик, а преку него и грижата за заедничкото живеење го осмислува нашиот живот. На кој јазик сонуваш и љубиш, се караш и мириш, аргументираш, истражуваш, размислуваш, пееш? Дали јазикот е лична карта на еден народ?




Дали тој расне и се менува или е тегла ајвар заборавена во подрум? Дали е тој огледало на традицијата, науката, културата, темпераментот на луѓето?

Дали ако еден јазик гасне, гасне и нашето огниште? Дали еден јазик има непријатели или гради пријателства?




Дали јазикот може да биде виртуелна држава на сите оние што го зборуваат, без разлика каде живеат? Прашања за кои вреди да се бараат одговори.“




Ова го нашиша Синоличка во друга објава, која ја споделила како спомен, пред три години, а сликана е со Горан Стефановски, кој за жал го напушти овој свет пред три години. Трпкопва наскорор најави ова книга која пред извесно време ја опиша вака:




-НАСКОРО Оваа топла, болна и самосвесна хибридна книга со силно удрен личен печат врз секој збор во неа е прво вистинско книжевно дело на Синоличка Трпкова. Многуте творечки и уметнички искуства на авторката се миголат низ текстот како отровни змии, но летаат и како раскошни пеперутки во сите бои на радоста и на тагата.




Писателот во Синоличка Трпкова стрпливо чекал да дојде на ред. И еве го пред нас во „Никогаш не кажувам“, кажувајќи и раскажувајќи без премногу интерпункции и три точки.“

Синоличка во својата нова објава на Фејсбук уште еднаш ја најави својата нова книга која ќе излезе многу скоро. Имено, таа откри неколку детали за неа:




– Во мојата нова книга која следната недела ќе излезе од печат ја нема оваа цртичка, но е фина најава за нејзината содржина. Неделна имагинација

Готвам по навика. Есента е време кога почнува училиштето. Тава ориз со кокошка и цвекло салата. Мирисот на супата се меша со мирисот од печената тиква. Мојата пате тичност и клишето во описот на неделата нема крај. Ги направив сите работи што и’ доликуваат. Светлата од куќата горат насекаде во ова темно и поплавено утро.




Мачките го следат секое мое движење низ празните соби. Измислувам дејства како актер на прва година факултет, на час по глума. Недела е ден за имагинација. Ќе ја поставам масата, ќе ја извадам кокошката од рерна и децата ќе долетаат од собите. Маж ми ќе ја раскрене масата и сите заедно ќе гледаме филм.




Ова дејство во мојата глава нема ниту една пречка за совладување, ни внатрешна, ни надворешна. Освен што нема протагонисти за да го одиграат. Ништо страшно. Ним и онака, кај и да се, кокошката со ориз и тиквата нема да им недостигаат.“

Претходна статијаПроф. Трајковски: Делта сојот предизвикува поголем леталитет, но имунизираните излегуваат живи од болниците
Следна статијаНашите познати музичари сторија нешто многу убаво за едно сиромашно семејство од Гевгелија, секоја чест (ФОТО)