Милена од Канал 5 се фотна со својата „конкуренција“ (ФОТО)

0

Милена Аннтосва – Станковска сега иако не е активна на ТВ, на гледачите им е една од омилените водителки, дама која со своето долгогодишно искуство одлично „плива“ о својата работа.




Како што е познато , Милена е дел од екипата на ТВ Канал 5, каде што се појави во повеќе проекти, а најзапаметена е по Утринската програма која ја води со колегите Роверт Јанков и Јелена Спенџарска.

Од неодамна, во екипата им се придружи и Вера Мештеровиќ, поранешна Мис на Македонија која исто така гледачите ја засакаа како дел од екипата на Утринската програма.

Милена инаку претходно ја водеше емисијата „Сподели про блем“ со Милена каде што одеше на терен и ги слушаме проблемите на народот и колку што е во можност со помош на институциите ги решаваше.

Животот на Милена се смени во 2016 година, кога таа и нејзиниот сопруг Гордан ја добија својата прва радост, ќеркичката Лана Марија. Инаку, Лана Марија е родена празникот Голема Богородица, и Милена во една прилика има изјавено дека овој голем и важен ден ѝ дал сила.

Сега, Милена е бремeна по втор пат. Милена изјави дека таа и нејзиниот сопруг Гордан очекуваат уште едно девојче и многу се среќни поради тоа, а среќна е и нивната ќерка која ќе добие сестричка.




Милена поради бременоста која ѝ се случи во пандемијата се повлече од ТВ екраните, имено таа веќе не ја води утринската програма на Канал 5. На нејзино место, откако и заврши породилното отуство, дојде Александра Пановска- Илиевска, коа претходно ја водеше емисијата „Брза кујна“ на Сител. Александра пак ја замени Сања Савеска.




Александра изгледа одлично по породилното отуство, таа е како по дома пред Тв камерите и веднаш се вклопи во екипата на Канал 5 која одлично ја прифати.

Милена докажа дека Александра всушност не и е конкуренција туку другарка, па двете убави водителки објавија заедничка фотка како го користата убавото есенско сонце заедно.




Александра е со ќеркичката Сара, а Милена со Лара Марија. Милена на сликата го покажа трудничкото стомаче, и се гледа дека овој период бременоста ѝ годи, запто изгледа доста подмладена и освежена.




Претходна статијаКаква судбина ги спојува Блага Петреска и Ефто Пупиновски? (ФОТО)
Следна статијаНа нашиот познат музичар љубовта му цвета, девојката го изненади со нешто најубаво за роденденот (ФОТО)