Каква судбина ги спојува Блага Петреска и Ефто Пупиновски? (ФОТО)

0

Ефто Пупиновски е еден од нашите најпознати пејачи, и неговите хитови како Туѓа си бескрајно, Лихнида кајче веслаше, Врати се бела Марија и многу други ги пее и старо и младо, и во Македонија и во дијаспората.




Ефто нема издадено нов албум веќе три години, а во 2018 година тој го изиаде албумот „Носталгија“. Целиот материјал е достапен за преслушување на официјалниот јутјуб-канал на познатиот фолк-пејач.




Ефто, кој е инаку весел и искрен по природа, тогаш изјави дека станува збор за 11 композиции, внимателно одбрани и изработени за секој кој, како што вели, сака убава песна и квалитетна музика.




– Сакавме да создадеме современи квалитетни песни кои ќе останат. Намерата и желбата беа да отпеам разновидни теми за сите генерациски вкусови и искрено се надевам дека секој ќе си ја најде својата песна – објасни тој кога го најави проектот.




Пупиноски кој важи за еден од доајените на новосоздадената македонска народна песна скоро четири и пол децении е активен на естрадата. Пред повеќе од две децении го отпеа хитот „Туѓа си бескрајно“, песна без која последниве години не поминува речиси ниту една свадбена веселба.




– Ја искомпонирав и испеав во далечната 1992 година, но пред неколку години ја најави својата популарност. Сега се пее по неколкупати на свадби, веселби и на концерти. Оваа тема на „јутјуб“ има фантастични речиси 4 милиони прегледи, ако се земе в предвид дека повеќето домашни хитови имаат едвај половина милион преслушувања – изјави Пупиноски во една прилика.




Во истото интервју раскажа дека неговиот придонес во музиката можеби ќе бил уште поголем ако низ годините не променил неколку професии и дел од животот не му поминал на тие полиња.




– Можеби требаше на мојот народ да му подарам уште некој хит. Но, никогаш не е доцна. Секогаш подарувам нови песни, нека слушаат и уживаат – порача тој.

Популарниот фолк пејач на својот фејсбук профил навреден од односот на охриѓани напиша статус која ја разбранува јавноста. Имено Пупиноски е изреволтиран што и покрај големиот хит „Лихнида кајче веслаше“ ниту еднаш не бил поканет да настапи во Охрид.




Тој тогаш рече дека неговите охриѓани немаат капацитет тоа да го разберат. Ефто додаде дека многу му е жал што им направив толку убава песна.Потоа рече дека тоа „охриѓани мои“ е грешка и порача: Никогаш не сте биле мои, напиша Ефто Пупиноски на фејсбук.




Инаку, Ефто во март оваа година за прв пат стана дедо, а неговата мала принцеа- внука се вика Анастасија. тој е голем пријател со Блага Петреска, а таа на Фејсбук сподели една убава, љубовна песна која и ја испеале во дует и се вика „Моја си не рече“. Блага оваа песна ја опиша на интересен начин:




Вечна дилема: Ме сака или ме мами- Моја омилена песна, напиша таа на Фејсбук. „Кажи која ли сум желба најмила, кажи дали судба не поврзува, кажи гориш ли во мојта прегратка, илои сето било само из мама“, е рефренот на оваа песна.

Претходна статијаПознатиот глумец кажа зошто жена му мораше да ја напушти работата (ФОТО)
Следна статијаМилена од Канал 5 се фотна со својата „конкуренција“ (ФОТО)