Марија Шерифовиќ е секогаш актуелна по многу нешта, од нејзиниот глас и песни, Јутјуб каналот кој неодамна го отвори, па се до нејзиното учество во Ѕвездите ан Гранд, каде што долги години е дел од жирито.
„И во емотивниот однос настојувам работите да бидат јасни. Сакам кога работите функционираат по одредени принципи со кои некои партнери многу тешко се согласуваат. Но, и покрај тоа верувам дека на таа личност надобра работа во живтот ќе и биде да биде моја девојка“, вели Марија низ насмевка.
На прашањето колку грешки би можела да прости на партнерот, таа вели: „Не можам да кажам дека постои некој лимит. Довербата е клучна работа, а таа се губи многу лесно“, изјави Марија.
Марија не е во добри односи со својот татко Рајко, кој пред извесно време за медиумите откридека е разочаран од неговата поранешна сопруга, познатата пејачка на народна музика, Верица Шерифовиќ но и од ќерка си.
Марија за се што направи нејзината мајка не рече ништо. Таа е со Верица, не се јавува на телефон, на пораки, на повици… За неа не сакам да зборувам, а ако ме закачи, тоа ќе биде фељтон. Цел Крагуевац знае, не постоеше најскапа работа која јас не и ја купив, немаше патики или телефони што ги немаше.
Кога требаше да се прави првиот албум, кај најскапиот македонски композитор отидовме да и го направи целото ЦД, никогаш не сум бил лош кон неа, а таа не ме сака. За сите овие години колку пее и работи, не знам дали 6 пати ми испратила по 100 евра“, изјавил таткото на Марија.
Музички натпревар наречен „Phantom Singer“ е во тек во Јужна Кореја, а машки квартет ја изведе песната „Молитва“ од Марија Шерифовиќ во една од емисиите и тоа на српски јазик. Момците од групата „Едел Реингланг“ без грешка ја изведоа песната, а судејќи според реакциите, и публиката и жирито беа воодушевени од нивниот настап.
Марија Шерифовиќ, која со оваа песна победи на Евровизија во 2007 година, исто така ги пофали своите колеги од Кореја. „Почитувани колеги, од се срце ви честитам. Ова е најдобрата верзија на „Молитва“ што некогаш сум ја чула.
Ви посакувам се најдобро во понатамошната кариера и конкуренција“, напиша таа на социјалните мрежи.
Многумина беа изненадени од информацијата дека фолк дивата Цеца Ражнатовиќ е нов член на жирито во „Ѕвезде Гранда“, а никој не можеше да претпостави како пејачката ќе се вклопи во веќе постоечкото жири кое со години е на таа позиција. Досега имавме можност да видиме како Цеца се су-дри со одредени членови на жирито, најчесто Драган Стојковиќ Босанц.
Сега на социјалната мрежа Инстаграм се појави видео во кое Цеца ги сподели впечатоците од се со Марија Шерифовиќ.
-Светлана, да им кажеме на луѓето какви се твоите впечатоци од оваа прва снимена рунда? – ја праша Марија, по што Цеца ја прегрна и со насмевка одговори:
– Романтично, љубов, од тебе… Затоа што ме малтр-етираш, хронично, ми викаш, ме штипкаш под маса… Ме галиш, ме штипнуваш, правиш се, но јас не се жалам – рече пејачката.