Лила Филиповска со несекојдневен статус си ја отвори душата

0

Лила Стојановска е долги години на Тв екраните, всушност сите кои ја следат Лила на телевизија имаат впечаток како целиот живот да ја познаваат. Таа неодамна се пофали на Фесјбук дека почнува 11 сезона на квизот „Се или нешто“.




Овој квиз некако се наметна како нејзин заштитен знак, затоа што се емитува долго време, а народот се наувикна секоја вечер да се дружи со Лила, со натпреварувачите, но и со фамозниот банкар чиј идентитет таа никогаш не го откри. На Фејсбук, Лила вака ја најави новата сезона:




-Од вечерва започнува новата сезона на “СЕ ИЛИ НЕШТО “ на Сител во 18 часот. Луѓе единаесетта сезона по ред…фала Ви од срце.

Обично оставам други да ме фалат ама ќе се пофалам сама…бројките велат дека сме најгледана емисија а така ќе биде уште дооолго.




Познато е дека патувањата ѝ се голема стратс на Лила, а таа неодамна беше во едне од најубавите европски градови, Прага и од таму објави убави слики и ја опиша чешката престолнина на овој начин:




-Прага е прогласен за најубав град на светот. Многу често ми беше во топ три омилени градови а ова е доказ дека е омилен и на многумина кои што го посетиле.

Бев еднаш и време е да ја испланирам мојата повторна посета на овој град сместен на реката Витава, во срцето на Европа наречен уште “град на стотина куполи” ,




преплавен со разнобојни барокни згради, поврзано со Карловиот мост… Кој бил знае за што зборувсм а кој не топло го препорачувам…па ако се сретнеме таму ќе одиме на традиционалниот десерт Трделник …едвај чекам“, рече Лила.




Таа неодамна со емотивни зборови му го честиташе роденденот на својот син Филип и објави цел албум од фотки од времето кога бил, па се до денес кога Филип е веќе свој човек со своите 27 години, а Лила е многу горда на својот син.




Лила поретко на Фејсбук пишува подолги статуси, но нејзиниот најнов статус е всушност една мудра мисла за животот, за љубовта, за очекувањата,з а среќата, а приказната која ја напиша Лила вели вака:




– На крајот на денот најбитно е дали си среќен. И знаете која е најголемата вистина кога е среќата во прашање ?!.. да не ви зависи од никого и од ништо.

Очекувањата не прават несреќни, потребата да бидеме она што другите го очекуваат од нас не прави несреќни, живот во некакви рамки, што ќе речат луѓето е нешто што не оптеретува…




Истите тие луѓе на кои не им е гајле дали сте добри со здравјето, дали имате доволно за пристоен живот, како ви е на работа, како ви е во бракот…! Да, дозволуваме од нив да ни зависи среќата, а не треба, не смее….




Секој за себе си знае најдобро, секој знае како му е во сопствената кожа и неговите чевли! Затоа на здравје на сите вас кои животот го живеат на свој начин, кои го прават она што ги чини среќни кои на време сфатиле дека животот започнува тогаш кога ќе сфатиш дека немаш друг“.

Претходна статијаПорака од Швајцарија: Најдобрите луѓе, најлошо поминуваат
Следна статијаСинот на Марина откри кога ќе проговори кој сè и должел на неговата мајка: Нека му ја мислат, ќе ги кажам сите