Лазар Бараков прозборе за тоа какви cедативи зема (ФОТО)

0

Актерот Лазар Бараков кој го сака и старо и младо вели дека неговото животно мото е работата. Тој во Црно-бело изјави дека со работата ја избегнува депp есијата, го сочувува здравјето и ги избегнува абно рмалните работи што се случуваат во нашето секојдневие.




Неговата животна филозофија, тој вели дека ја наследил од своите родители, но не само од нив туку и од приказните на нашиот гениј Марко Цепенков. Неговото мото е човек да не биде трут и да не се срами од никаква работа. Тоа што се изградил како човек, го добил од неговото домашно воспитување и нашето македонско книжевно творештво од народните умотворби.




Во истото интервју во Црно-бело, Бараков откри дека тоа што како совет го добил сака да го пренесе на помладата верзија од него и така неговите деца да бидат независни. Потоа, го искоментира она по што тој најмногу е познат а тоа се Македонските народни приказни.




Уште пред да стане постојан член во серијата „Македонски народни приказни“, Бараков има работено на некои филмски проекти во Белград, Софија и МРТВ.
Во македонските приказни, тој бил застапен дваесетина години од 1987, па се до пред неколку години.




Бараков рече дека екипата беше прекрасна, како од техничка страна, така и од глумачка страна. Во една друго интервју, тој има изјавено дека Ѓорѓи Колозв бил лидер на екипата и сите го почитувале и го ценеле, како и неговата сопруга Шенка, а тие убави дружења и шеги што ги правеле по снимањата, а и по нив.

Снимањата и работата на приказните, како пто раскажува Бараков, иако беила макотрпна, иако тие биле многу сериозни во работата, ја чувствувале како весела игра кај мали деца. За него, неопишливо е пријатното дружење, другарувањето со Колозов, кој како што вели Лазар, бил двигател на целата машинерија.




Но, тој не ги заборва ни Ванчо Петрушевски и Дади Ангеловски, и за него, повеќе од пријатна била работата со Ванчо, Гоце, Кире, Дади, Анче, Шенка, Стојна и други. Таа сплотеност многу зависела и од режисерите, архаичните тестови од Цепенков и најголем дел од приказните што биле сработени од режисерот Драган Велјановски.




Лазар се сеќава со носталига дека многу бргу минаа овие дваесетина години при работата на македонските приказни со тотална опуштеност во работата и позитивна енергија. Со гореспоменатите колеги во работата, тој се чувствувал како во едно тело.




Сега, тој пак снима нова тура Македонски народни приказни, а летово се појавија слики од новите снимања каде што тој е на слики со Шенка, гоце и останатаите негови верни колеги и пријатели. Како што веќе пишувавме, Лазар е многу позитивен човек, и семеен човек.




Тој е долги годиниво брак со сопругата Лилјана, а плод на нивната љубов се трите деца: Македонка, Викторија и Александар. Викторија го има синот Стефан и живее во Германија, а Лазар со сопругата и со децата често оди кај својата ќерка да ја види. Тој е инаку познат и како голем љуботеол на животните.




Бараков на Фејсбук често објавува видеа со животни, а има една интересна слика на која тој држи мачка во рацете и напиша интересен текст во свој оригинален стил нпод сликата кој вели: Седативи НЕ !…Еден од моите јаки седативи…

Претходна статијаСе упокои познатиот новинар од Штип, неговото име е многу значајно за многу наши познати пејачи
Следна статијаНашиот познат пејач два пати се бореше со истата болест, сега повторно се врати на местото каде што се заразил (ФОТО)