Кандидат за градоначалник на Ѓорче кој себеси се нарекува вoлк и ветува дека зградата на Општината ќе ја подари, пејачката Ребека го поддржа (ФОТО)

0

Еден од кандидатите за градоначаалник на Општина Ѓорче Петров за партијата ТМРО е Сашо Панговски. Тој на својот Фејсбук профил ги објавува своите планови и ветувања од предизборната кампњана кои се доста различни од неговите противници.




На пример, девизата на Панговски е: Доста гласање за овци, гласај за волк. „Цела кампања слушате ветувања, градинки, градинки, градинки….

Ова е објект од 300+ м2 што стои празен во ГЕГЕ карши Зегин аптеката. Се што треба е да се окречи и стави во функција. 26 Сашо Панговски и ова ќе биде градинка. Без пари“, открива тој во една објава.




Потоа, објави како со својот пријател прошетал пешки низ Општината и се ракувал со многу граѓани на Ѓорче и како поминал на таа прошетка, како поразговарал со граѓаните и што им ветува:




-Штотуку се враќаме со Александар Ритевски од делење флаери по терен ( Новоселски пат – ГЕ ГЕ ). Одевме пешки по патот и секого што среќававме му правевме трошка муабет.




Само ДВАЈЦА не земаа флаер и не се поздравија од 200 души. 198 со задоволство земаа.

Не ги терав да гласаат за мене, само им ја кажав опцијата – Јас, човек кому лично му стиснале рака или БОРАНИЈАТА што ја “јадат” 30 години.




Поминавме супер, десетици луѓе ме знаеја лично, некои го имаа гледано дуелот на МТВ и ме препознаа, а над 50 автомобили свирнаа во знак на поддршка додека пешачевме по тротоарот.

И јас и Аце сфативме дека НАРОДОТ сака ПРОМЕНА. Народе, на тебе е ред…. 17- ти Октомври.“, објави Панговски на Фејсбук.




Тој ги повика сите пријатели во време на предизборниот молк да се собера на Плоштад? “Сакате петок пред изборен молк да се собереме на плоштад сите шо не сме сдс/дпне/дуи? Не мора да се сакаме, не мора говори, не мора озвучење, ништо.




Само луѓе на плоштад на кои им скисна од 30 години прева ранти и бар аби на власт.
Споделете за да видат повеќе луѓе.“

Една исто така различна објава тој постави на социјалната мрежа, во која зброува во што би ја претворил старата зграда на Општината, тоест дека бесплатно би ја отстапил на лицата со поп реченост.




-Ова е зградата на #Општина #ЃорчеПетров. Ако јас станам Градоначалник на #Ѓорче по преселбата на општината во новите простории, истата ЌЕ СЕ ДАДЕ БЕСПЛАТНО, ќе се отстапи, на здруженија на лица со попр еченост и ќе стане ПРВ РЕГИОНАЛЕН ЦЕНТАР ЗА ЛУЃЕ СО ПОПРЕ ЧЕНОСТ ВО #МАКЕДОНИЈА.




Вредност на проектот – НУЛА ДЕНАРИ. Срце полно – #БЕСЦЕНЕТО! 26 е бројот во #Ѓорче. Молам закачете што повеќе здруженија на лица со попр еченост на објавава“, изјави Панговски на Фејсбук.




Оваа објава ја сподели пејачката Ребека Јанковска- Ристески која е инаку претседател и осовач на здружение за лица со посебни потреби и ретки бо лести „Дајте ни крилја“.

Претходна статијаЗасекогаш си замина успешниот македонски спортист, од својот колега се прости и Илина Арсова (ФОТО)
Следна статијаТри години без Милена Дравиќ, еве за кој македонски новинар го даде своето последно ТВ интервју (ФОТО)